Мене па цел ден ми трае ама повеќе ми е за есен/зима. Малку лут на почеток, сладок и јак ептен е. И го начекав за некои 500 ден. ноември мислам.
И мене ми беше омилен парфем од Авон, немам пронајдено сличен на овој. Каква штета што го повлекоа, се уште не ми е јасно зошто. Другите од линијава не ми се по вкус, LBD ми е прејак, LRD ми е загушлив малце. Има и розов, ама тој не ми фати око и никогаш не дојде ред да го купам.
Little dress порано имаше повеќе варијации, black dress, red dress, white dress и lace dress. Нив веќе ги нема, ама гледам дека black dress го има со повеќе различни дизајни. Дали можеби некој мириса исто како lace dress? И ако да, кој?
Ако можеш да најдеш каталог да го мириснеш, мене ми е преубав и во план сум да си го нарачам. Таман за овој период е есен, зима. Во тековниот каталог е што го има на нет.
Првиот this love е посвеж зеленкаст мирис кој влече накај машки мирисни ноти, супер за пролет-лето, додека вториот tomorrow e супер за овој период благ ориентален мирис. Солидни со трајност за таа цена. Оваа листа на парфеми се едни од подобрите од Авон според мене.
Здраво. Дали некој го има користено парфемот од авон Maxima, ако може да ми го опишете мирисот. Сакам поблаги, цветни, свежи парфеми, не знам дали овој припаѓа во тие категории.