Феминки гледма во новиот каталог го нема абер еликсир, но го има најт, а баш сакв да си ја порачам класичната верзија. Ке го има ли во следниот каталог амбер еликсир и дали е траен и убав овој најт? А да сакав да прашам и за викенд колку е тграен бидејки навистина убаво мириса баш по мој вкус, но џабе ако не е траен.
Здраво на сите Барав низ форумов и најдов само за парфемите на орифлеим,не најдов некоја посебна тема општо за орифлеим,но ако има ве молам за линк!Вака..сега брзо се зачленив во орифлеим и сеуште ја правам првата порачка арно ама никако неможам да ги соберам тие 100 БП(100 поени што треба да се собираат,мислам дека знаете)некаква помош?како да ги соберам,совет??Стварно премногу ми значи и премногу го сакам ова со правењево порачки,пресметки,земање на порачките и сл. ама на кој ќе му земам порачки..како да ги направам тие 100 поени? некој искусен или не мора да е некаков предлог ако знае нека кажее,некаков начин,нешто да превземам или било што!!Ве молам за помош!!
во новиот каталог 15-2013,што мислите за Mirage Спреј за тело со шифра 25043 од 149 денари(на стр.15)?Сте го користеле,планирам да си го порачам па сеа незнам дали ќе направам добар избор?!
Моментално го користам Paradise и задоволна сум, а наредниов месец планирам да го земам Amber Elixir (слушам добар бил)
Мираж мене ми е еден од најодвратните мириси што ги имам мириснато,многу многу тежок мирис.Дезодорансите на Орифлејм исто ми се ужасни,трајност нула,остава бели траги и после нанесување кожата лепи и воопшто не е пријатно.Ако толку ти се допаѓа мирисот,земи си парфем,не вредат дезодорансите,ако пак сакаш било каков дезодоранс имаш огромен избор низ парфимерииве и маркетиве.
Ај нека ми каже некој ако знае доколку имаш долг да речеме од 800 ден, и поминат повеќе од 5 години после дали те памти и дали можеш пак да се активираш?? Не знам дали имам доплатено или не, а утре треба лична карта да однесам за да се презачленам.
Девојки не сум порачувала од Орифлејм до сега, немам ниту еден парфем пробано.. па би сакала да ми препорачате некој пармем зимски, така да има заводлива нота, погоден за вечерно излегување.. не сакам премногу оштри.. битно е да биде пријатен и забележителен.
Eclat дефинитивно,според мене многу убав парфем,убаво мириса,трае доволно И јас ќе го порачам најверојатно од овој каталог.
Јас го обожавам овој, и го чекав да го намалат, го дочекав сега е 780, и два ќе си порачам плус и бразлетна ќе си искористам
ембрејс штета што веке го нема парфемот беше еден од најдобрите и нај трајните парфеми го обожавам прва прилика да видам дека ке излезе одма го порачувам
Пак барам парфем за поклон, другарка ми сака да е од Орифлеим. Како поубави ми ги препорачаа Дивајн и Еклат... Што мислите, кој е поубав ?
А кој дивајн - плавиот или синиот, мене и двата ми се убави, јас плавиот го имам користено, многу е убав, ама онака по летен е, а црвениот мислам дека баш е за сега Јас би ти го препорачала лав поушн. погоре имам пишано за него. Мислам дека нема девојка која не би се заљубила во парфемот а богами и машко
Си го земав минатиот месец, прекрасен лесен мирис. И трае, не дека ја приметувам, ама другиве што кажуваат и наредниот ден ко да сум ставила од него.
Редовно ги користам парфемите на Орифлејм.Не поради тоа што сум член,туку поради нивниот дискретен и траен мирис.Посебно се добри Еклат(црниот),го имам и дезодорансот, Дивајн(синиот), Денсинг Лејди Ту Најт(виолетово топчесто пакување)посебно го препорачувам за летните вечерни излегувања,Мјуз,исто така го имам и дезодорансот, како и Деми Мур,парфемот и дезодорансот.Лично,парфемите ги делам на летни/пролетни и есенски/зимни.