Видов дека имаат фб страна, еве линк https://www.facebook.com/pages/Parfemi- ... 3216649724 пишува дека се наоѓаат на ул илинденска, па ако некој бил ако може да пише каде поточно се наоѓаат и дали има обележана фирма за да би можеле полесно да ги најдеме
И јас ги користам, мислам моментално не ама пред некој месец ги имав.И не го гледам бројчето туку мирисам и земам кој ми се допаѓа па затоа незнам да кажам кои точно ги имам користено, мада не е ни битно повеќето се слични на оригиналот ако не и исти, траат долго и се практични и ефтни пред се. Јас ги препорачувам, а за набавка кај нас ги има во парфимерија една а сигурно ги има и низ другте градови по некои парфимерии.
Мислам дека би требало да ги има секаде,баш разговарав со една пријателка што работи во парфимерија и ми рече дека веќе почнале да ги набавуваат и да ги продаваат,без порачки како на пр.од авон или орифлејм.
Кога одам во Кочани обавезно си зимам по неколку, залиха си правам. Таму ги продаваат по парфимерии и нема потреба од нарачување, а по 200 денари се. Многу долго траат и исто мирисаат како оригиналот! Од нив сум супер задоволна, им нема рамен за копирање парфеми
Јас го имам 292 на Bvlgari е копија,јас го имав и оригиналот и можам да кажам дека е предобра копија исто го користам и 220 Armani Emporio... А парфемчињата ги има во секоја парфимерија.
По 20 мл, јас искрено очекував дека се поголеми, ама толку се. Убаво мирисаат, блиску до оригиналите, иако овие што јас ги земав не се премногу трајни, час-до час и половина. Колку пари, толку музика. Ок се сепак, ќе порачам уште некое наскоро, можеби ќе се погоди уште подобро. Моментално ги имам, 277 - копија на Black XS Paco Rabanne и 263 - копија на Very Irresistible Givenchy
ги имали некој пробано парфемите копии на оригиналите во рамстор на 2ри спрат што се продавват 100мл 1300ден инаку 780-50мл
Јас го нарачав за проба 263 - копија на Very Irresistible Givenchy. Ќе видиме дали го бива, мада за тие пари супер работа, за во ташна ако ништо друго.
Купив дури два, ама многу се угушувачки, почетната нота потсетува на оригиналот, ама понатаму е хаварија. Друг проблем е што ги гушиш сите околу тебе, ама со лош „парфем“. Сомнително ми е и што не се мијат лесно, и после пилинг мирисаш на парфемов и не смееш друг да ставиш 2 дена, претпоставувам има некоја опака хемикалија... Лично не ми се допаѓаат вакви типови на мирисни води, иако не знам што очекував за 200 денари... Се зафркнав овој пат и последен, не правам веќе услуги некому за да му почне бизнис да му купам „парфем“...
имам користено повеке од овие али како најдобри сум ги запаметила овие 262--нина ричи 2 283---мах мара 291 --вип??? и шанелот е добар да не го забравам