сите над 290 се нови парфеми и се прекрасни 291 го земав последно прекрасен е вип-212 на каролина херера мислам ако добро запаметив
Потрајни парфеми од овие незнам дали постојат.Чудно ми е дури... Кога и да ставам, цел ден мирисот не поминува, сите приметуваат па дури и јас си чувствувам. Косата, облеката, буквално се. За цената се супер инаку, а мирисот е доста сличен со оригиналот. Мене ми се допаѓаат повеќе од оние на точење.
Мајка ми ги купува, манијак е по нив, а и јас и крадам често 250 денари биле, да Иначе моментално го имаме Гучи Килдер и многу ми се свиѓа ^^
Кај нас незнам колку милитри се точно,ама ми гледаше така како поголемко шишенцето.А чинат 200 денари Ќе си земам еден
Преубави ми се за во зима. Armani Diamond оригиналот ми се потроши. А во моментот немам собрано некоја паричка за нов. Па ви порачав ист Армани од Економик. Сличен е мирисот...
Јас редовно ги користам, мн траат и се многу слични на оригиналот ... Сега го купив euphoria- calvin klein и Valentina- Valentino. Значи презадоволна сум ! Инаку се порачуваат јас случајно од една жена најдов ... Вака не сум сретнала да ги продаваат некаде
Пред некој месец купив две од овие парфемчиња Коко Мадмазел и Лајт Блу ги користев и после неколку дена ми се појави осип на вратот и позади ушите. Не викам дека се лош квалитет парфемите или слично,можеби е до мојата кожа но би ви препорачала кој има по нежна кожа да размисли малку или нормално да си проба,нели не е кај секој исто.
ејјј вака како ми кршите филм.. Кај сега да барам човек што порачува а баш сакав да земам да пробам... туууу..