Си купив копија на Armani Mania пред недела дена од овие едно за проба, мириса на оргиналот да. Мирисот повеќе се задржува на материјал (јас прснав на завеса и три дена кога ке помирисав се чувствуваше мирисот) додека на кожа не ми е траен баш толку.
Ме интересира дали некој го користел Euphoria на Calvin Klein и дали е ист како оригиналот и дали е траен? Планирам да си земам некој само се уште се мислам за кој...
А како ги купувате парфемиве?? Имаат парфимерии или ги порачувате? Причина што прашувам е тоа што му ставив like на статус и одма во порака фала за лајкот,одберете парфем за 200 ден.па ќе ви го донесеме дури дома,е мене ми е сумлива работава ептен се запнаа за адреса,и Сакв да прашам дали знаете нешто во врска со ова?нели не се дава адреса на секого
Во битола ги има во чаршијата погоре од синџирот, карши Жежо кафаната од другата страна првата продавница за чорапи.. ги има сите. Инаку јас си го земав 286 - Lady Million и се заљубив дефинитивно, малце само што се прснав цела мирисам.. преубав е го препорачувам
Дефинитивно се предобри. Премногу траат значи. Јас го користам мошус 211 и за ништо не го менувам. По цееел ден мирисам на него, мх мх.
лакримоса од Прилеп го нарача Мошус сакам и јас да земам,па не знаев како се , со трајноста и дали се убави