Одличен избор си направила! Јас го користам OMNIA CRYSTALLINE/Bvlgari - ПРЕУБАВ Е!!! Го имам и оригиналниот парфем, тотално исто мириса.
Те молам кажи ми точно каде се наоѓа продавничката, да не лутам низ трговскиот... ФАЛА однапред!!!!!!!
Од овие парфемчиња има линекој што мириса слично на чунга лунг (мислам во тој стил детско,разиграно ) и коку пари се ме интересира..ги видов во една аптека само не прашав колку коштаат
Го има ли некој користено 272. BLACK XS / P. Rabanne? Да ми каже дали е сличен како оргиналот,и дали е траен? Фала однапред
Јас го имам користено Nina 262, Cool water 45 и Max Mara мислам дека беше, не се сеќавам на бројката. Ама од сите сум задоволна, убави ми се и ми траат.
Знаете ли дали го има Gucci-Rush и која му е бројката сакам да го нарачам... И ако го има некој користено дали е добар?
Девојки нели ги има и во веро центар кај ескалаторите кај што се продаваат на ласоу чаеви? Знаете цена? Јас ги земав преку другар на другарка по 200 денари ама повеќе не ги носи. Или па да ми објасните каде е продавницата во бисер? Имам пикирано еден на Гучи ама сакам прво да го испробам со овие на економик па ако ми е добар да си го купам оргиналот.
И мене ме интересира парфемчињава дали ги има некаде низ центарот на Скопје? Јас ги нарачувам по интернет, ама сакам да ги мириснам пред да ги купам пошто еднаш се зезнав-некои немаат врска со оригиналот - мирисаат на алкохол.
Ги немам користено, само се имам прснато од другарка што користи, и баш пријатно се изненадив од трајноста на парфемот.
Од економик користам само лакост мислам 43 бројче беше прекрасен е...Бидејки лакост и онака ми е нај омилен тој си го купувам
За парите вредат дефинитивно, гледам дека веќе ги има и по некои маалски маркети. А дека 100% личат на оригиналите - не е точно. Мене еднаш на работа ме прашаа каков парфем имам ставено што толку е интензивен, кога им кажав не им се веруваше.