Девојки, прочитав на темава дека има продавница во Бисер кај што можеш на лице место да си ги мириснеш за да не нарачуваш вака на слепо... ама поодамна е пишано тоа на темава... Работи ли уште таа продавница, во функција ли е да си отидам да видам што е како е?
Од оние што ги имам користено би ви ги препорачала: 210. type KASHMIR / Chopard 211. type MOSHUS 272. type BLACK XS / P. Rabanne 282. type I LOVE LOVE / Moschino Во план сум да порачувам повеќе бидејќи ако ти се погодат навистина се супер и се одлични за тие пари. Она што за мене е огромен плус е што се задржуваат на облека доста долго време, како moschinoто што ми траеше 2 дена на блуза. Сеа реално не може да се споредува со оригиналот, не очекувајте премногу да е исто. Јас немам друг избор освен вакви да користам бидејќи без разлика било кој и да е го трошам за рекордно кратко време, 2 недели максимум и не ми се исплати да давам по 3000 па и повеќе за жал, иако ми се опсесија парфемите . Сум порачувала од интернет, но поубаво да си ги мириснете претходно за да не се разочарате ако ви мириса на алкохол како што некои од феминките спомнале зошто се наоѓа и таков или некој што трае 1 саат само.
Се мислев помеѓу 2 парфеми - 262 Nina Ricci - и - 249 Coco Mademoiselle - и се одлучив за Nina Ricci... го имам испробано по парфимерииве ми се свиѓаше ептен! Сличен или барем приближен е до оригиналот? И што мислите дали сум направила добар избор?
Јас се заситив од Нина Ричи 262, се уште го имам, немам го користено оригинал, ама мислам дека е ептен ко оригинал. Ама пример Блгари оригинал и Блгари економик бројче 280 ми се потполно исти. Исто и Долче Габана, Лајт блуе, исти се. Тоа од тие што имам пробано тие економик и оргинал, за другите не знам, ама претпоставувам дека и другите се исто така добри, постојани мириси. Парфемчиња содржат 20-25% концентрат, а ниеден парфем на светот не содржи повеќе од 35 % концентрат и се повеќе од тоа има прејак мирис и не е погодно за човекот (така барем тие од страната со дистрибуција на парфемчиња економик кажуваат )
Да ве прашам,која е разликата меѓу Економик,Флерт и Сантини?Може ли некоја да направи споредба во поглед на постојаноста и интензитетот меѓу нив?Економик не сум ги видела во градов во слободна продажба,додека Флерт и Сантини ги има почесто.
Има ли некој во групата да ми каже дали бројче на парфем од економик Givenchy Dahlia Divin доколку го има ?