Не видов ваква тема,па ај да отварам Незнам колку сте запознаени со овие,тие се буквално како што и самото име кажува парфемни масла коишто траат многу повеќе од обичен парфем или тоалетна вода. Се става само 2,до 3 капки на себе,не повеќе (како што знам бидејќи се многу тешки)и трае долго во текот на целиот ден Дали користите вакви масла? Дали сте користеле некогаш? Кои,и како сте задоволни од нив? јас лично немам користено,дома имам некои од Америка,што мајка ми ми ги има донесено,многу ми се јаки,а и стварно траат ептен многу како што забележав од мајка ми .Знам една ваква продавница Делта Ароматик(мислам дека се вика) во ГТЦ,која продава вакви масла,сеуште не сум отишла ,а веќе планирам со месеци. па ајде да видам дали некој има нешто користено вакво,и пишете како сте задоволни
Порано имав парфемно масло ,ми го донесе една комшивка од Германија. Што да кажувам - капнував една капка ,ја размачкував на прстите и ставав од неа на пулсните точки и потоа мирисав и откако ќе се искапев ,дури и облеката што сум ја носела мирисаше со недели. Не знам за кој парфем стануваше збор ,знам само дека мирисаше повеќе од прекрасно ,заводливо ,секси... Го користев извесно време ,после тоа го загубив шишенцето на школо ,а не беше потрошено ни 10%.
Јас ги гледав овие парфемирани масла во таа во Гтц парфимеријата,има многу избор на парфеми и навистина многу јако мирисаат.Јас што пробав на рака цел ден ми мирисаше.Е сега не се ефтини може 700 ден. да е 10 милилитри но како и да е не се става многу од нив.
да те прашам,каде поточно се наоѓа таа продавница во гтц? ја се скапав од барање никаде неможам да ја најдам!
Во гтц најгоре скроз на крај,хмм како ќе му дојде...над Еуро азија.Или поубаво да ти објаснам горе во гтц ако знаеш она фешн поинт бутикот што е,епа карши него.
Јас имав порано беше како оние сјајчињата со кругче горе,10мл Мошус мислам дека,и претерано многу траеше,ама не знам ниту од кај било купено ниту па сум знаела дека има во Скопје вакво нешто.Стварно вредат и многу време траат.Има некоја користено баш од овие што ги зборите тука што с епродаваат,да каже нешто повеќе?
Дали знаеш каде можам да најдам од Мошусот?прашав и во друга тема,но не добив одговор.Одамна барам...Благодарам.
Не знам стварно :/ и јас би сакала,да ми каже ако некој знае.На времето и носеле на мајка ми на работа некој што продавал носел,а од каде како нема ни она поим.
^ девојки,мислам дека би требало да најдете во Делта Ароматик во ГТЦ(не сум проверила,али претпоставувам дека има),таму има секакви масла,па можете да проверите ,доколку сте од Скопје,доколку не нез.
Имав едно од Body Shop ванилата Mногу траат за траење,само еднаш-двапати стави и 2 дена мирисаш,само мене ванилава ме убиваше,дури на моменти бев готова да повратам,исто и мажот ми ме замоли да не ставам повеке од ванилата и така ја подарив
Земав масло од Делта Ароматик,од ексада,само незнам кој точно од..мислам дека е овој: А може и грешам,нека ме поправи некој ако не е точно Mириса благичко ептен,многу ми се допаѓа И богами стварно трае,само две капки ставив,а мириса како да сум се истуширала со парфем
Имам вакво ама многу многу не ми се допаѓа, не е толку трајно и не го практикувам често, онака ми стои. Има и светки, кои не се познаваат многу. J'adore Oil
ммм ама ова од escada не е парфемно масло туку е парфем, јас го имам истиот и многу убаво мириса и цел ден трае
Па да парфем е тоа на сликата,ама јас го земав маслото од тој парфем Инаку,Лепа тоа од жадор да не е масло за тело? У смисол како за масажа? Или парфемирано масло?
Супер, незнаев дека има и масло можеш да ми кажеш колку пари го зеде? За некој ден одма си го купвам!
Малце е скапичко,ама вреди И онака не се става многу,само по две капки максимум,така и продавачката ме советува Земав 3 мл за 240 ден.а 1 мл е 80 ден Спојлер Иначе не сум сигурна дали е ова масло што го земав со овој парфем на сликава Само знам дека е од ескада
^ Ме заинтересира ова. И сега на пр. како што викаш 3 мл..колку ќе трае тоа? Мислам за колку време отприлика ќе се потроши?
Зависи Ако трошиш многу фала богу ќе летне брзо Со оглед на тоа што е прилично скапичко,а мала милитража јас лично ќе гледам поспоро да го трошам,иако срце ќе ме кине да си ставам повеќе Ама па добро,стварно мириса јако кога ќе се пројдеш,па дури и тапнеш со прстите 2 пати. Мене до пред некое време штотуку ми изветрее,а имав ставено накај 3ипол,4 саат поручек