Имаш во Делта Ароматик во ГТЦ,спомнав во предходните постови. За во космо,шатци и други парфимерии мислам дека немаат.. Немам проверено
прашав за космо и шатци оти не сум од ск али сепак фала ке се потрудам да најдам некаде или кога ке идам ск да купам или порачам по некој позз
Денеска си земав парфемно масло од овој парфем на Д&Г.Прекрасно мириса и скроз исто како и оргиналот,а и доста е траен
овде може да се види кои видови парфемни масла ги има http://www.facebook.com/pages/Delta-Aro ... 5542114179
Јас земав 600ден беше малечко ама оргинал малце че стаев и цел ден мирисав значи пре убо беше штета што одма го потрошив
Порано имав едно мало шишенце, од мошус беше, ама мирисот беше нешто страшно, толку интензивен, секси мирис значи скроз, и се сеќавам две капки да ставев на пулсните точки три дена ќе мирисав. Тетка ми ми го беше дала, само не знам од кај го зема(мислам дека она уште користи), треба да ја прашам, такво нешто вреди да се проба повторно. Ако не пак ќе тркнам до Скопјево у тоа Делта Ароматик шо викате, па ќе се снабдам за цела година.
Навистина многу траат, а и прекрасно мирисаат. Јас имам 3-4 шишиња што мајка ми ги донесе од Бугарија
Кога бев во Египет пред 3 години купивме парфемни масла со мајка ми. Затоа што каде најдобро да се купат, ако не во самиот Египет? Беа под шифри и кажуваш име на парфем, тие ти го даваат маслото. Премногу јако мирисаа за наш вкус, и мајка ми ги однесе на работа, па ги преточи и ги направи парфем. Баеги траеја, а мојот беше особена светост затоа што за евтини пари носев Miss Dior cherie кој трае.
Многу одамна мајка ми ги користеше парфемните масла од Мошус. Имаше неколку видови и сите мирисаа прекрасно. Едно време ги барав по парфимериите, но не успеав да ги најдам. Пред неколку месеци во Жито маркет видов Мошус масла и обични Мошус парфеми. Купив парфем, а сега имам намера да го купам и маслото. Штом парфемот трае долго, маслото уште подолго, сигурно. Ова е мојот избор: Moschus Magic Love
Едно време многу ги користев али сега не многу ..и бев задоволна од нив убавоо мирисаа а и доста долго траееја..треба пак да и кажам на тетка ми да ми испрати од америка...
Мојата пријателка од Бугарија ми донесе едно масло не прашав од каде е, но беше многу трајно и по вкус исто како Chanel Chance. Чинел околу 690 денари.
каде можам да го најдам ова? кај што ги правев ноктите едно девојче и го дала, мислела дека е лак ама не било па и го дала на оваа што ми ги прави ноктите. значи го има во мк? многу убаво мириса и трае!
Парфемни масла има во бисер, во парфимеријата кај што се продаваат економик парфемите. Имаат само мошус,10 мл 400 ден.
аууу преубаво мирисаат Со мајка ми си купивме од Грција едното е кокос,ванила а другото не знам на што мириса стварно а убаво е