Новиот на Живанши мене ми е ужас. Увек така кога ќе излезе еден парфем и после него уште сто од истиот, ниеден не може да се рамни со оригиналниот.
Шанел бр 5 дури ни за доодени баби не го бива а коко мразам некои апла цветни парфеми тоа чудо. Само новите пареми на Гучи Флора некако ми се подносителни.
Ретко кој парфем можам да го поднесам. Веднаш ме фаќа главоболка, ми се превртува стомакот, дури ми се лоши, искрено, ми се врти од некој јак мирис. Па и нежен да е, сепак по неколку часа откако ќе ставам, ќе можам да го поднесам (таман ќе се изгуби малку миризбата), така да, не си купувам. Сепак ако се решам некогаш , сигурно нема да имам повеќе од 3. Едноставно не можам да ги поднесам.
http://www.google.com/imgres?q=daisy+ma ... 46&bih=924 Многу преценет. Без везе е, за џабе дома ми седи за освежувач за во веце го користам. Баш како освежувач е.
Mене пак ми е многу убав, си го користам И незнам зошто ви се од Би Ју одвратни, мене ми се едни од омилените Различни вкусови
Не е парфем, дезодоранс е но очајно ми се повраќа луѓе, не можам да го поднесам! Мајка ми го купила, и за да го потроши шприцаше по дома и сега луфтирам... има таков тежок, горчлив мирис што ми застанува во голтникот... се гадам
Лелееее скоро ниту еден неможам да поднасам,мислам зависи од кој,но имам алергија од парфеми користам еден појма немам го купувам од продавница со природни билки
Chanel No. 5 Го мириснав летово во хотелот кадешто работав, некој гостин во соба го имаше, како се залетав кога го видов , и кога го мириснав. т.е. се прснав одма, и кога го осетив мирисот..... Се разочарав. Други што ги мразам, кензо џангл мислам дека беше, па она е сѐ, само парфем не.
Divine од Орифлејм и Ангел и Демон... дечко ми вика дека на сјај за садови мирисал... Сакам тешки, тужни, слатки мириси со ноти на ванила, евентуално кокос... а ова ме пече, вакви весели, прозрачни мириси.