На мојата листа на Топ Десет Одвратни парфеми кои не можам да ги мириснам, долги години убедливо на прво место стои ЛОЛА од Алкалоид.
Воларе од орифлем едноставно неможам да го поднесам предходно ми мирисаше убаво го имав кремот,ролонот,пудрата и не ги дотрошив ги дадов на мајками а планирав и парфемот да го порачам
Парфем со бапски мирис, најчесто се тоа со мирис на ружа, ги сакам ружите и мирисот што го шират во мај, ама во парфем каде исклучиво доминира ружата не. а и овој, многу тежок мирис, од вакви мириси повраќам. Се сеќавам мајками на времето купи еден парфем со бапски мирис на него имаше ружа, бидејќи неможев да го поднесам мирисот исповратив среде куќа. Од тогаш не и текна да го купи. Едно време го користевме за освежувач на купатило но и за тоа не ни се најде, заврши во канта.
Самата помисла на него ми прави рингишпил во дигестивниот систем. Убитачно корне. На моменти кога флитат со него,сакам да прднам за да се освежам.
Не можам да го поднесам мирисот на овој парфем. Не рингишпил ко Џокси, ма ролеркостер имам во желудникот и во цревата од него. Со други парфеми немам проблем, ама овој ми е нешто ептен посебно.
Исто.. поодвратно не може .. Angel би го додала - не го можам Инаку се изненадив за некои парфемчиња што ги видов на листите ваши како Ricci Ricci, Lady million, Gucci Rush 2, Light Blue (што навистина скиснуваат кога секој втор ги има, но се добри парфеми) и т.н... што ти прави различен вкус
Лелее исто и јас! Посебно оние од ружа или од што и да се.. УФФФ БЉАКККК Се сеќавам порано баба ми имаше вакви милион и тоа во едни мали шишенца на точење! Кога ќе влезев кај нејзе дома ми се чинеше да исповратам од што мирисаше на тие бугарските. Па побогу жено како можеш да издржиш таков парфем
Тој што како мали го правевме јас и Вини со ружите од баба и леле, само ако го прочита постов шега на страна, јас овој неможам да го поднесам ги сакам миривчињава од Bon Bons, убаво мирисаат, ама овој е друга прича
И морам да се надоврзам само.. Оној парфемот ЛоЛа, кога некој ќе се ,,избања,, во него во лето, абе ми се чини правец Вардар да фатам и да скокнам. Абе ќе се отрујам од тој парфем!!! Толку е тежок за во лето.. Пот + Лола =