Аха, а разликата од оригиналниот и од тој на точење мала да не е? Доволна е една нота во парфемот за да го уништи целиот мирис. Не може да нема разлика во 40евра и 200денари колку и да ме убедува некој. Да не сум офф, имам дополнување на листата. Noa Perle by Cacharel ми е премногу цветен, премногу лимонкаст, обид да биде премногу свеж ама пак е премногу силен и една нота на алкохол се провлекува макар и пред 24часа да го имаш ставено.
Не можам да најдам слика...мислам дека сатва се викаше...Можеби мириса убаво и на чисто но јас не можам да го поднесам...Ухх се гушам
Го добив поклон на матурата и еднаш се прснав... од тогаш никогаш повеќе, така си стои дома воларево од орифлејм не го можам овој од авон порано го имаше со машкиот и плус ташна за 500, го земав го користев и при крајот ми стане гаден и сега никад не би го порачала ииии првото место го добиваааа - Спојлер
Изгледа се е до вкусот, не до парфемите. Немам сретнато човек да го нејки парфемот Black XS ама овде на форумов мора да се најде исклучок Исто и овај на Young Derm и парфемот и дезозорансот исто се преубај... Мене ми се сите убави на некој начин..имам пробано еден дезодоранз за 50 ден елена се викаше... катастрофа..мајка ми си прскаше низ дома е за него да ми речите!
сестра ми порано премногу го користеше,кога ќе се прснеше цела ќука мирисаше,но мене ми е премногу тежок и никако неможам да го поднесам
Можеби е еден од најдобрите парфеми ама мене ми предизвикува гадење, најсеризоно еднаш повратив од парфемов, има некоја жичка што ми ги пореметува сите сетила и мислам дека ќе припаднам штом го помирисам.
Дефинитивно најодвратен парфем шо ми предизвиква е Giordani од авон или орифлејм некоја од тие компании сестра ми нонстоп го користи и мн. и се бендисва а мене буквално ми смрди на некоја ефтина проститутка...( не сестра ми,парфемот)
Спојлер И го зедов на моја пријателка, кога од тестерот ми прснаа на раката во парфимеријата - добив вртоглавица Едвај чекав да исчезне мирисот од местото каде прснав, ама ко за беља траеше повеќе од еден ден... Важно за таа што беше наменет претерано го бендиса парфемот.
Dolche and Gabbana the one значи главата ме заболува од него за никаде е, плус и не е нешто којзнае колку да трае ако е скап. Од поевтините, Бондаж машкиот дефинитивни број еден гаден парфем.
некој ефтин од 100 денари на кои сум алергична... или некој парфем со мирис на трева и некоја "роза"... или некој преемногу тежок па да не можам да го поднесам
Тие имитациите не можам да ги поднесам, особено наливните.. смрдат на мувлосано и алкохол во комбинација Мајка ми на времето имаше наливен Jungle мислам се викаше... абе отров за глувци, и Шанел 5 го имаше... да не се стој дома ко ке се намирисаше со него.. си викам уште оригинало да мириса како него е тогаш стварно ќе се убијам што е штогласен за нај парфем на сите времиња