Овој од La Rive. Многу ефтин парфем и сетилото за мирис докажува зошто.Ми го исподаруваа за роденденот лани,два исти вакви добив,оваа година повторно еден ваков добив.За нигде,тие што ми го купие или немаат нос или го нашле ефтин на некоја тезга. Инаку цветен парфем е.И незнам зошто некој би воопшто направил а не па користел ваков „парфем“.
Franck Olivier во бела опаковка што е,ми го донесоа за полуматура,внатре беше колекција од деозодоранс и парфем,на опаковката имаше едно како полжавче извртено,црно,не можев слика на нет да најдам.Одвратен парфем е.
Незнам како се вика, но многу грдо мириса. Тоа е парфем + млеко за тело. Парфемот беше како во розево шишенце, а околу капачето имаше како пуфки - црни. Фиу.
Хахахахахаха на сватови мирисал Е да си жива,ме изнасмеа хахаха И мене овој ми е одвратен,како на алкохол ми мириса,на нешто...не знам,ова ниту за в кочина не го бидува...
Дечко ми ми го купи за една нова година и тоа цела колекција со лосион гел за тусирање и парфемов прејако мирисасе
Во последно време навистина ми паѓа тешко да го поднесам мирисот на Crystal Noir од Versace. Мислам, никогаш не ми се ни допаѓал, не сум љубител на такви тешко-задушливи мириси. Па за да биде уште потешко, некоја од факултет која моето сетило за мирис уште не ја лоцирало, се тушира буквално со парфемов и труе цел амфитеатар.
Незнам дали го погодив ама мислам дека ова е тој парфем. Не се отвара капаче туку директно се прска. Ако е тој поодвратен парфем здравје. Ниокогаш не сум обожавала толку јак мирис. http://www.story.rs/thumbnail.php?file= ... e=original
Исто така заборавив да кажам и парфемите кои се по 99 денари. Во мојот град има 3/4 продавници такви се за 99 и има многу парфеми такви за 99 денари а мирисаат одвратно. Мислам од шишенцето да го помирисаш и не мириса толку лошо ама ако ставиш на телото бњак грозно.
Valentino - Valentina Не е мирис од кој ќе ви се стужи ама мене ич не ми е убав, мириса само на цвеќе и тоа онака оштро. Мириса исто како на еден освежувач на air wick за простории што го иамв одамна и кој одвај чекав да се потроши. Paco Rabanne - Lady million Тешко, тужно, одвратно... Dolce & Gabbana - The One Има некоја нота која мене ми е преостра, тешка, ми предизвикува главоболка, го расипува целиот мирис. Oriflame - Giordani Џордани парфемите, и златниот и сребрениот. Едно време ми се допаѓаше сребрениот ама кратко траеше таа љубов. Не ги можам.
Сите парфеми на Орифлеим. Некако не се наоѓаме со тие парфеми. Досега сите што сум ги нарачала сите ми се .
Денеска за првпат го помирисав парфемот Лола. Не знам зошто толку го нејќете. Баш пријатен парфем. И да,не сум луда.
Сите парфеми кои ги користам подолго време неможам да ги поднесам, колку и убаво да мирисаат. Затоа често ги менувам. Никогаш не купувам ист парфем. Конкретно еве Gucci rush
Opium, Poison,, Hypnoses ... по дифолт сите што се викаат овака, или во називот содржат некој од овие зборови