Парфем без карактер, преценет според мој вкус. Не мириса лошо, ама не е тоа тоа, ништо посебно во однос на фамата што се крена околу него. Ист таков ми е Инвиктус од машките - го убија од зборење, а е всушност ништо посебно.
А на овој ви текнува? Инаку,многу сум изненадена на колку од вас не им се допаѓа Олимпеа Сметав дека е доста допадлив мирис за сечиј нос, ни пренападен ни претежок, колку само сум се лажела И читајќи ја темава заприметив дека има доста многу парфеми што не ми се допаѓаат. Еве ќе го додадам Miracle од Lancome. Овој конкретно ми мириса на пот. Ew ew ew ew.
Многу е грдо кога за некој парфем ќе кажете дека смрди. Ко лична навреда е. И на мене ми смрдат свежи парфеми и оние што мирисаат на трави и цвеќа па вие пак си ги користите. Сестра ми кука од моите парфеми дома и ме нервира. Значи парфемот е нешто што е дел од личноста и не личи на ништо да се навредува така. Читам не ви се допаѓаат оние што влечат на ванила на ланком, диор и тн. Тоа се скапи парфеми за кои некој издвоил пари да не базди на ефтино и за лично добро и за околината т.е. вас. Уште па и кога прочитав коментари дека не требало скапи парфеми да се користат на факултет ми беше врвот. Што да користи народот? Еве предложете ми ефтин парфем за факултет за да ви мирисам убаво во амфитеатар. Јас си почитувам секакви парфеми и од никој не припаѓам, кој што сака нека си користи, фала богу имаме право на избор и слобода на движење. Има нешто што не ми се допаѓа ама вкусови се во прашање, не сме сите исти. Единствено не сакам ефтини парфеми ама кој колку има толку купува и носи. Фала и пријатно. П.С. Лола на алкалоид е многу женствен мирис и секогаш кога ќе го намирисам на улица се вртам по него, го обожавам затоа што мириса на мојата тетка која секогаш го купуваше во аптека кога јас бев мала и додека ја гледав посакував да пораснам што побрзо. Сега размислувам можеби не и бил омилен ама знам дека немаше за поскап а јас и тој и го трошев пола додека си играв..Мирис на моите игри и детство.
А ти парфем користиш за тебе, или за тие околу тебе? Факт е дека тешките зимски парфеми НЕ се за во лето, и дека 97,4% е веројатноста дека ќе ги отруеш сите околу тебе. Твое е да ставиш парфем што ти се допаѓа, мое е дали ќе ми мирисаш убаво или ќе ми смрдиш, не знам што се потресуваш толку.
Знаеш да читаш? ПРЕД СЕ ЗА СЕБЕ А ПОТОА И ЗА ТИЕ ОКОЛУ, што и го напишав горе: Тоа се скапи парфеми за кои некој издвоил пари да не базди на ефтино и за лично добро и за околината т.е. вас. Второ, не ти се обратив на тебе и не знам кај виде дека сум потресена, некако ти ми личиш на повеќе потресенка И јас тоа го викам, секој има право да носи што сака без разлика дали на другите им пречи или на ама некултурата и простаклукот за коментирање на туѓи мириси со погрдни зборови ќе му се припишат баш на тој другиот. Јас знам кој парфем кога, како и зошто се користи ама назад низ страниците има коментари од типот: Подобро не влагај во автобус, ги труеш сите и т.н. и т.н. така што баш и не е реализирано тоа што ти го трубиш дека секој може што сака да си носи кога од друга страна тие што си носат што сакаат им ја ограничувате "слободата на движење". Инаку на мене до сега лично никој ми се нема пожалено за мој парфем освен сестра ми дома ама на неа и сметаат секакви пафреми ама на форумов сум запрепастена од нечија глупост. Патем, ова е прв пат некој на форумов нешто да ми контрира во негативна конотација, баш ме интересираше кога ќе се случи. За најголемата глупост можна П.С. на залиха секогаш си имам Bvlgari Omnia Crystalline така што летно време не трујам луѓе а и не се ни возам во автобуси, на ваша среќа.
Ако парфемот кошта 6.000 денари не значи автоматски дека мириса убаво, има доста дрогериски парфеми па и од Авон и Орифлеим кои мирисаат како high end парфемите на луксузните куќи, не знам какво е ова твое класифицирање. Сум добила многу повеќе комплименти кога сум се прснала со Авон отколку со Chanel.. Парфемот што го споменав претходно Dior Hypnotic poison да не го знаам дека е Диор би рекла дека е некој пазарски мириса прелошо, цената не секогаш игра улога.
Нема да влегувам во дискусија со тебе затоа што не сфаќаш што сакам да кажам. Продискутирав за цената затоа што на темава понапред се чудеа како некој користел парфеми од 5000 за секој ден. Dior hypnotic го немам користено и се оградувам од коментирање.