Премногу за мој вкус, иако го користам Black Opium и ми е еден од поомилените парфеми, овој едноставно не можам да го поднесам
Кога барав парфем ми го понудија овој и кога го мириснав ми се згади. Не знам што е, ама има некоја нота што ме иритира.
Dior Poison,прв ми е на листата најтешки парфеми. И Версаче црниот(кристал ноар),ептен ме тера на повраќање. На Кензо апсолутно сите Од средношколски денови Џордани голд ми има оставено трауми
Исто. Мене сите парфеми на Chloé ми се неподносливи и/или невпечатливи и не сум сретнала друг бренд од кој ни еден парфем не би носела, макар и бесплатно ми ги дале. Aма дефинитивно води овој: Физички ми се лоши кога ќе го мириснам. Има една силна, специфична нота што сум ја почуствувала и кај други парфеми, што ме тера на повраќање и морам да се тргнам.
Немам појма како се викаат не ни сакам да знам али оние бугарскине. благи, никакви , сељачки парферми што ги носат сељанки со премногу шминка и кич на нив и што имаат арогантен став плус...
Дефинитивно овај парфем од Орифлејм го добив како поклон ми ја иритира кожата премногу и мириса премногу благо и цветно трае 1 минута и се губи секаков мирис полош е од спреј за тело
овој треба да се забрани со закон, и мајка ми го користеше а и како што гледам секоја втора во ск,кога и да помине некоја на ова корне, стварно е ужас )))
Видов дека постов е од лани, ама да не знаете кај може да се најде брут колонска вода или дезодорансов?