Дома на моиве после прележана корона и изменет мирис ради тоа им смета ептен, кога шприцам од него се нервираат, неподнослив и нив им стана. А, порано и на мајка ми многу и се свиѓаше, сега многу и сметал. Само ја верна му останав.
Не знам, искрено сакам цветни парфеми, цитрусни ноти. Ама ми пречи парфемов, ми делува како оние одвежувачите за воздух
Оправдано, тежок и специфичен парфем. Иако од Рефан или која било друга копија е понежна од оригиналот и можеби и подобро би била прифатена.
Не е тоа што е тежок искрено, повеќе тоа што е специфичен... не можам ни да опишам како мириса, кога ќе го пробам во парфимерија не ми мириса на ништо, а во исто време има нешто што ми засметува на носот. Мислам дека е пошто е unisex парфем, јас сакам женствени парфеми и дефинитивно носот не ми го може.
Ептен безвеза мирис, демек копија на Лејди милион од Пако Рабан. Ни оригиналот нити па копијава уште помалце ми се допаѓаат. Мислам дека овие Ла Риве сите се утка, ни по сличност, ни по трајност ама за парите па и нема што да се очекува. Има многу подобри копии од овие.
Мене многу повеќе ми се допаѓаат на Малена копиите, и повеќе ми траеја од овие Ла Рив. Ла Рив сега за по дома си ги користам се прскам по 15 20 пати во денот со нив.
Не ги знам тие. Искрено од сите копии до сеа што сум ги имала, ниеден не ми е ок, може и ја многу маани им наоѓам, не знам. Ама што викаш, за по дома може и ќе пројдат некако.