Мене па баш ми убав glow од Џенифер Лопез,а и Lola ми се допаѓа. Од тие што не ми се убави моментално ми текнува на овие
Значи дефинитивно се работи за вкусови!! И не би рекла дека постои грд (неубав) парфем. Секој парфем за некои ке биде убав, за некои не Тука сретнав парфеми што ми се препрекрасни а се наведени како катастрофа.. еден од нив е го имам, и е НАЈубавиот парфем за дами што го имам мириснато. Со брат ми и го купивме парфемов на мајка ми за роденден, и е нешто неверојатно. Женствен, елегантен, луксузен, нешто преубаво. Јас сепак не би го користела, бидејки сметам дека е за постари жени, но мене лично многу ми се допага.
Обично не купувам скапи парфеми, ама ко да купувам, сто пати барам тестер и се мислам дали е убав или не Е од Шанел ми се гади А Бондажов ми е до преку такво и ептен тежоооок. Ваква сум од него, само со намуртена фацка Ееј, да, од Трамп, не можам да најдам оригинална слика од времето на Тито е овој, Трамп бај Триција, аууу, мајка ми ќе ја удавам во него, во зима не се поднесува, едноставно не ги можам такви тешки парфеми
Леле колку само се сложувам! Истите и мене ми мирисаат одвратно, тешко, ми се лоши од било кој од овие! Тука би го додала и Бондаж од постов над мене, а и еден мислам дека беше ultraviolet што не го поднесував, а цимерката го користеше. Такоџе, овој ми е еден меѓу најгрозните, ама тоа заради пречесто мирисање (исто цимерката го користеше):
Name прашањето е лично- ти кој парфем не го поднесуваш сите сме различни па затоа на сите ни се допаѓаат/ не ни се допаѓаат исти парфеми, всушност тоа не прави посебни нели -па и сама кажа, ние затоа сакаме да знаеме кој парфем повеке го сакаш а кој не стои(мириса) добро на твојата кожа-сигурно има некој??? Се надевам дека ке ни кажеш
У глобала не поднесувам тешки а сепак впечатливи парфеми. Впечаток - дај макни ми се од пред фаца, затоа што отварам ќесево и повраќам во секој момент Не им ги знам именцата, но мислам дека Шанел има таков еден тежок парфем. Јас еднаш ќе се онесвестев. Озбилно. Сопругата на еден од моите претпоставени, back in the days, патем од Јоханесбург беше женскава, се супер, ама што парфеми користеше, ужас. И секогаш кога ја прашував - што носи, со онакво скиселено фацуле, ми кажуваше и потенцираше дека тој парфем коштал 100и кусур евра. И мене во глава ми се вртеа сите антилопи, кози, жирафи и зебри од нејзината земја за кои ми има кажувано. Си велев - е сите да се Спојлер искакаат во исто време на едно место - токму така мирисаат нејзините парфеми Доволно беше што ја гледав еднаш - два пати годишно, нејзините парфеми ми го контаминираа цело тело на подолг период. Па и си велам - добро, кој по ѓаволите дава толку пари за ваква реа? Мајке ми, Салвадор Дали кога се мачкал со измет од кози за да ја импресионира својата муза и љубов, гарант мирисал попријатно.
Дали се сеќавате на класикава го ставам на пиедесталот дефинитивно. Порано сите роднини од Австралија на доаѓање ни носеа... Кобра Organza на Живанши не го поднесувам Спојлер Тие Angel, Jungle... мислам дека ретки се оние што можат да ги сварат Инаку, почитувам тежок, но добар парфем и доколку е дискретно нанесен (во зима) не ми пречи, баш остава добар впечаток. Како на пример машкиот Kouros на Yves Saint Lorain. Да го мириснам од шишенце или ако е некој мноогу напрскан - спремна сум во секој момент да се онесвестам. Но ако е минимално нанесен, кога ќе помине некој маж што го користи (а ретки и исклучителни се таквите, обично постари), ми остава впечаток на моќ и авторитет. Претежно сите парфеми на YSL се такви, и машките и женските. Ретко кој може да ги поднесе.
Мислам дека овој е еден од најкористените парфеми кај нас, секоја втора ми мириса на него, на почетокот кога излезе ми беше Ок но сега ми се блуе од него: И да не се повторувам со слики, тука ќе ги вбројам Angel, Poison и Џордани од Орифлејм.
ливинг ме потсети кај што кажа з YSL јас овај никако не го можам Eлизабет Aрден уф ми се чине од што е цветен,ке ми пораснат цвекина на телото п.с и овај парфем, сите од австралија таму го носат на подароци
леле баш пред некоја недела го добив на поклон од австралија навистина е грозен, има ужасно силен мирис
Сите овие што сте ги напишале Лола, Органза, Опиум, Кобра Ангел, Ангели и демони, мислам дека некој ако мириснам од овие и плус уште некои можам одма да се однесвестам. Мразам во автобус или на факултет некој кога е нашлакан со нив, цел ден глава ми прска. Исто не поднесувам некои бапски социјалистички мириси и колонски води И да го додадам Play розевиот од Givenchy, прво убаво ми мирисаше кога го мириснав, и сега една другарка го користи ми мириса на.. ај не кажувам на што. Спојлер Исто и овој дијамантов повеќе не го поднесувам, а прво преубав ми беше, не знам дали се заситувам поим немам што е Спојлер Foregin model другаркиве мои кога му се запнаа цела зима бреее Спојлер Следен white diamonds Elisabeth Taylor Спојлер Fergie Outsponekn Спојлер Ох и победникот заедно со сите оние горе класицине ке го заборавев, мислам дека никој го нема постирано, Бондаж Спојлер
Миљоно, од Пако Рабан. Лесно, нежно, никакво... Труе цел град на ова, СЕ`УШТЕ. Јаките батиња и пи*ки видоа реклама, јако име, смешна цена и ајдееее, бањај се, шемата е парфемчево. Нат.
е овој парфем не можам да го поднесам толку јако мириса мислам ке ме загуши еден период другарките го користеа кога му беа запнале еве го