Да, и оригиналниот од овој парфем ми е тежок и многу грд парфем. Не сакам вакви претешки парфеми, без разлика дали се 600 или 6000 денари..
Другарка моја го користи Miss Dream на La Rive, искрено многу добро мириса. Ја прашав што парфем користи бидејќи ми делуваше некако познато дури не ми се веруваше кога кажа дека е од овие копиите мислев дека е оригинал. Сум ги мириснала повеќето ваквите по парфимерии и искрено вистина мирисаат ефтино ама еве со овој се зачудив, баш е нежен и елегантен
Тој е копија на Good girl од CH? Треба да го мириснам, ме заинтересира, иначе да, тоа највише ме иритира кај овие копиите што многу ефтино мирисаат пазарски да не речам, и алкохол преовладува. Малце потсетуваат на овие оригиналиве ама одма ветреат и останува некоја неубава арома која е карактеристична баш за овој тип мириси.
Луѓе златни, парфемов го нарачав без да го мириснам, имаше некоја акција со маскара и со серум за лице се измамив и го купив. Не можам да го поднесам- се прснав еднаш и ми се слоши. Џабе фрлени пари за овој парфем, уште еднаш никогаш не би го купила. Сега ќе си го ќари некој во околинава шо му се свиѓа, а јас ќе чекам нова година за да купам нов
Исто Мене уште не ми е јасно како е ова еден од најпопуларните парфеми на сите времиња. Кога и да одам во парфимерија него прв ми го препорачуваат. Јас сум општо фан на свежи и нежни парфеми и многу ми е тешко да одберам, неодамна во Сефора продавачката ме убедуваше да го купам па луѓе ова смрди.. Главоболка во шише. Ќе го додадам YSL Black Opium, го имав купено пред многу години кога бев на факултет, тогаш беше доста популарен и за чудо сеуште е.. Го прснав два пати и доволно беше да ми се слоши- ужасно задушлив мирис, трул Пред некое време се осудив пак да го мириснам во парфимерија да проверам случајно да не ми се сменил вкусот - Не, одвратно ми мириса сеуште.
Одвратен ми е парфемов и мене. Мене пола и повеќе од најпознатите парфеми ми се тешки и загушливи, воедно и овие што ги напишавте . Ретко кои се понежни и пријатни мириси. Ги прават такви тешки за да имаат трајност што повеќе. Некои луѓе па баш многу сакаат такви мириси, затоа толку се и продавани + и за трајноста што ја нудат, стварно долго се чувствуваат на облеката и наоколу тие тешките парфеми.
Затоа што е одвратен, и сега имаат нови верзии и пробуваат да вратат популарност. Ама целата линија на la vie est Belle e тешко загушлива и со ноти без смисла
@MayDiamonds @marsilia @Selena01 Ете се спасив јас, ми пиша една колешка неа и бил омилен, ко ќе ја видам наредно ќе и го поклонам со драго срце. И онака не сме во иста канцеларија, па нека се прска до сутра. Да не се џабе парите дадени. Си реков ќе го дадам на мајка ми или сестра ми ама нема шанса да го прифатат ова срање Чак ни баба ми шо сака вакви јаки парфеми и шо користи цел живот Chanel N5 тешко дека би го заменила со Lancome И за YSL Black Opium се слагам со тебе, МајДајмондс. Ко ќе ми текне дека пред 3-4 години ми беше омилен парфем, си викам со кој памет… сега и шишенцето ко ќе го видам ми се лоши. Не сакам веќе јаки парфеми.
Не се наоѓајте навредени за еден парфем. Темата е јасна. Најголем дел од моите омилени парфрми тука најчесто се поставуваат. Различни вкусови, нормална работа.
Тоа беше многу одамна пред години, и го подарив на мајка ми таа со ќеиф си го истроши бидејќи сака јаки мириси. Но мислам дека сега можеш често да го најдеш на попуст, сегашната цена не е како што беше некогаш во пикот на популарноста.
Ако го сакаш како парфем, земи на точење од Рефан или Парфумерие, а имаш и од Зара и Ла Риве копии. Реално за овој парфем, доста се погодени нотите во сличност. Ако оригиналот ти е скап, ако не можеш да го најдеш на попуст понекогаш во Еликсир.
Јас сум човек што обожава јаки парфеми, цел живот врти сучи се сум со Хипнотик Поизон, ама ова чудо, глава боли, на повраќање тера.
Ова чудо другарка моја го обожаваше а јас бегав во друга соба кога се прскаше... глата ме фајкаше автоматски. Фала богу, го тргнаа од продажба
Не знам кој е парфемот, 99% сум убеден дека е од Орифлејм/Авон, секој втор низ град го има, толку лошо мириса... Пола колеги на работа го имаат, во лифт додека се извозиш се секираш да не ти се слоши.