Том Форд Ванила тобако. Пред некое време ми беше уникатен, но сега многу често го приметувам а е претежок, посебно во топли денови.
Се согласувам со тебе. Мене ми подарија мал примерок кога купував во една парфимерија. Кога го пробав, ми се слоши и на мене и не можев да го поднесам мирисот воопшто. И баш се изненадив бидејќи претходно имав читано многу позитивни мислења. Исто така имав читано доста позитивни мислења и за La Nuit Tresor исто од Lancome, и кога го пробав во една парфимерија, воопшто не ми се допадна.
Потешки парфеми се тоа вклучувајќи го и либре ... а тресор е еден од моите омилени зимски парфеми (строго само за во зима)
Versace Crystal Noir, за жал. Преубаво мириса ама толку ме мава у синуси некоја нота, инстантно добивам главоболка и ми станува одвратен.
Го имам неотворен, пиши ми да ти го дадам за поевтино. Го добив на поклон али доволно парфеми имам па го продавам
Не само овој, скоро сите од Том Форд не ми мирисаат убаво. Може само Soleil Blanc да речам дека е Ок ама за цената ништо wow.
Исто, баш ги тестирав повторно скоро да видам дали ми се променил вкусот и не сите смрдат, како само рандом измешани ноти, единствено можам да го издвојам Cafe Rose како најпристоен од сите, на за таа цена има многу по уникатни и впечатливи опции од niche куќите кои би избрала Сигурна сум дека брендот има само ептен јак маркетинг и дека инфлуенсерките ги плаќаат дебело да ги воспеваат на социјалните мрежи, како што е случај и со Byredo моментално да не почнувам за нив ќе припаднев кога ги мириснав да го мирисниш Oud Wood, јас бев решена да го земам дури да го порачам на слепо, на фрагрантика што изначитав пофалби, кога го мириснав отров, мириса на некапен дедо