Прееска шприцнав на раката да видам како мириса и ме отру мирисот. Ме расони. Има некоја чудна, но гадна миризба. Спојлер Имав дома и еден Лејди Стајл мислам дека се викаше. Сино бел со слика од Парис Хилтон. Повеќе ги добивам како подарок. Мислам дека е подобро да ми купат некој дезодоранс или пак со празни раце нека дојдат отколку со вакви парфемотрујачи.
неможам а да не ги споменам парфемите на Salvadore Dali во оваа категорија....пронајди го убавиот...до сега ниту еден од неговите парфеми не ми се свиднал на носот .... еве дел од нив...
Добро познатиот Шанел 5, кој ме потсетува на стара грда жена со шапка. Култен или не, дефинитивно не е мојот избор. Очекував нешто друго од овој парфем, ама излезе дека е сладуњасто гомце. Мојов нос беше во шок цела недела!! Според мене еден од најужансите парфеми што ги имам мириснато. Ме потсетува на една ружна тетка од маало. А Чарли ме потсетува на баба ми. Gucci Rush заедно со сите негови подобри и полоши копии. Инстант главоболка добивам.
Не можам да поднесам кога некој се бања во парфем, каков и да е. Абе добар пафем се нанесува дискретно, а не околу сите да паѓаат во несвест. Не можам да поднесам лоши копии, тешки парфеми на лето, или само ставен парфем а лична хигиена нула (пот + парфем ). Инаку немам парфем кој би го издвоила како неподнослив. Секој си нашол место и време и е потрошен до капка (зборам за парфеми брендови).
Tesori d'Oriente - White Musk не можам да го поднесам. Сите парфеми од Tesori се јаки, ама овој ајде што е јак туку и одвратно мириса.
http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 24&bih=677 Овој дефинитивно не можам да го поднесам..Full Moon For Her од Oriflame
Лола,Чарли,Бондаж,Жордани Голд,Пирамид,Франк,C-THRU Ruby и C-THRU Emerald. Од нив добивам нагон на излевање на желудникот преку устата