Дефинитивно Поисон- Диор...неподнослив ми е и сега кога помислувам на него го осекам мирисот и ми се поткрева желудникот....бљак
Опиум и Лола.... баба ми порано ги користеше.... ми се повраќаше од нив... И секогаш ме заболуваше глава од тоа колку се јаки...
Volare - Oriflame! Не можам да го поднесам мирисов! Можеби затоа што прво ја користев пудрата Спојлер И сега кога и да ставам од парфемов, ме потсеќа на пудрата! И ете така си стои полно шишенце...
Кога бев 6-7мо одделение, парфемот ми беше омилен - ма лудував по него, а ден денешен се прашувам кај ми бил паметот - море носот кај ми бил! Го мразам парфемот, ми ги затнува дишните патишта, уф. Пирамидице, овој со сигурност не е твое производство, ниту пак е именуван според тебе - нема шанси!
Новиот од Ријана. Аууу, каков мирис не ми се верува. Благо, благо слаткарница не му е рамна. Прејак е дури и за зима мислам.
Сега за сега на овие ми текнува, но сигурно имало и други. Ќе го спомнам и парфемот Пирамид што го имаше постирано некоја феминка погоре. Навистина ми се гади од овие парфеми, многу тешко мирисаат - трујат. Ги имав првите два и се прснав неколку пати, но секогаш ме фаќаше главата од нив, па ги подарив .
Кога го купив парфемчево не се одделував од него, а сега не можам да го поднесам! Ни за освежувач на ве-це не го бива !!!!
Kenzo Flower - едвај чекав да го фрлиме дома хаха и одсекогаш ми бил гаден и Tendre Poison - Dior премногу тежок,мајка ми го користеше,секогаш бегав кога ќе го осетам
Не, не, не овие два дефинитивно не можам да ги поднесам, а и се омилени на свекрва ми, па си знае дека кога сум дома надвор во двор се прска, никако додека е со мене зошто ќе исповратам, нема теоретски шанси мојот нос да ја проголта оваа ужасна, јака, тешка, цветна миризба. A од машките овие два: Црвениов ми мириса на прашак за перење алишта, ама оној Гонг од Охис што беше во најлонски кеси. А ниту овој не е ништо поарен, грд ми е. Фала богу што Петко и од двата има да шприцне по еднаш два-пати, пред мене бркал цури со вакви грди парфеми, мене ме фати со стил, али тоа во друга тема .
Потполно се согласувам и додавам ЛОЛА дефинитивно-најодвратен од сите кој некад сум ги осетила Плус Булгарската РОЗА -крш кој не умира(за голема ШТЕТА) и секако на времето кога беше ВАНИЛА на МАЛИЦИЈА дефинитивно беше смрт за мене
Немам некој посебен парфем кој ми е одбивен, но кога ќе намирисам некој дека користи парфем со мирис на ванила, едноставно ми се повраќа.
Овие ми се трите најодвратни парфеми. И да ме извини некој доколку ги користи, ама јас од нив имам нагон за повраќање