Парфемот Порано нон-стоп си го подарувавме на другарки за роденден. И оној Пирамид мислам дека се викаше. Тие ние беа стандардни роденденско поклони Еве овој
Гадно, благо, шеќерасто, како шеќерна волна од Луна Парк, како кило шербет во Апче...ама навистина неподносливо благо.
Сакам јаки парфеми ама ова не можев да го поднесам,шприцнав во Јуник пред некој ден и цел ден ми се лошеше
paco rabanne one milion - женскиот !!!! а машкиот од paco rabanne го обожавам , дејствува како магнет за мене
Flower by Kenzo Piramid Giordani Gold ги мразам парфемиве ,ми се поврака од нив а и се што мириса на ванила
Оne million машкиот. Не дека не можам да го поднесам на тој начин што буди нагони за во мене, туку досаден ми е и веќе имуна сум на него така што не го ни осеќам. Сите машки на него веќе мирисаат. Одиш по улица и како што одиш насекаде те следи овој мирис. Аман веќе !
Chanel No.5. Се смета за еден од најдобрите парфеми на сите времиња, ама мене ми мириса ужасно, да не речам ми смрди.
Исто, потполно. До точка! И од следниов исто ми се лоши од мирисот, онака ме болат синуси и глава. Страшно!
^ Овие од Kenzo треба под итно да се тужат бре, дечкиве или немаат сенс фор смел или носот дефинитивно им е затнат - секој парфем ремек дело - боли глава, тече нос, печат очи, абре затнат да ти е носот пак ќе им го осетиш мирисот.