1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парфимерии, дрогерии

Дискусија во 'Лице' започната од Kiwibird, 20 мај 2012.

  1. Kiwibird

    Kiwibird Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Баш ме радува што отворија ДМ кај нас и што сега ќе може да си купам прекрасна козметика за ефтини пари(Балеа производите ги имам користено многу и се одлични иако се ефтини,да речеме од рангот на Нивеа,но многу поефтини),но ме интересира дали некогаш сте побарале во некоја парфимерија,дрогерија која е подобро снабдена,тестер од некој производ,поточно шминка? Јас имам многу осетлива кожа на лицето и доволно е едно нешто од составот на пудрата да не ми одговара и да потечам цела во лицево.До сега користев една пудра,но повеќе не ми се допаѓа,бидејќи немам иста кожа како од пред 10 години,кога и почнав да ја користам пудрата.И сега сакам да сменам и во план ми е да ја купам Chanel Lumiere,но тоа воопшто не е ефтина пудра и би ме болело да фрлам толку пари па уште и да потечам во лицево.Ме интересира дали можеби има некоја меѓу вас која работи во парфимерија или пак има искуство со барањето тестери,па знае дали би ми дале тестер(доколку имаат секако) или не? Да не одам,прашам и се обрукам тамо. Фала. :D
     
  2. darlingB

    darlingB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    127
    Парфимерии,дрогерии

    Епа ќе отидеш во парфимеријата и ќе им кажеш дека си алергична на некои состојки кои ги содржи пудрата, па ваљда ќе ти дадат да испробаш на дел од лицето или било како, си знаат тие.
    Мора да постои тестер за толку скапа пудра, особено од рангот на Шанел и сл.
    Никој не купува скапа пудра без пред тоа да ја проба :D
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Парфимерии,дрогерии

    Јас ја користам Chanel Pro Lumiere, пудрата е убава но е професионална и не е секојдневна, премногу е масивна и покривна.
    Во лето ретко ја ставам ( само во посебни пригоди) затоа што е тешка.
    Ми се допага затоа што го измазнува лицето, ги покрива нерамнините и нееднаквите нијанси на кожата, ама како што реков премногу е тешка за да се користи секој ден.
    Не ја чувам опаковката а на шишенцево во состав стои : oxybenzone( benzophenone-3) ако ти е од помош :?:
    Тестери побарај во Јуник или во Космо во Зебра. Јас не ја купувам од кај нас, неколку пати се имам зезнато да купам поскапа козметика и кога ќе ја отворам да биде сува или со лушпи затоа што малку им се троши. Кога веќе даваш толку пари или земи си ја од фришоп или нарачај ја да ти ја купи некој што оди во странство па макар тоа било и Белград.
    За секој ден ја користам Loreal True Match, ептен ми се погоди , а следно што сакам да пробам се пудрите на Clinique имав еден тестер и прееееемногу бев задоволна од пудрата.
     
  4. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Не би ти препорачала да купуваш скапи производи од кај нас, затоа што многу малку се трошат и 99% се со поминат рок или се со полош квалитет од истите купени во странство. Јас ја користев Chanel Pro Lumiere и најчесто ја купував во Грција, во Sephora или некоја слична. И секогаш имаат тестери, само прашај.

    Од овде, најчесто купувам во Cosmo или DM, но ништо од типот на Chanel, Dior, Clinique. За тоа се знае, во Словенија или Италија, или ако ми е итно во Грција. Само Max Factor, затоа што сум сигурна дека редовно се трошат, па мораат да порачуваат нови. А и се единствени чии производи ми се допаѓаат.

    Во Шатци веќе не стапнувам, продавачите се многу не љубезни, дрски и безобразни ! :fubar:
     
  5. beliver

    beliver Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали има парфимерија на sephora во Македонија, бидејки ко што знам јас нема а денеска видов кесичка од сефора и на неа пишување парфимерија мк.
     
  6. Cherry03

    Cherry03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Нема за жал :worried:
     
  7. beliver

    beliver Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    и јас знам дека нема али ме збуни кесичката што ја видов.. баш убаво на неа си пишува sephora го има знакчето и под неа пишува парфимерија мк.