1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парчиња од мама во мојот плакар

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kolovoz, 4 јуни 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Дали имате некое парче облека или обувки од својата мајка стари години ,..години, кое и мајка ви го носела во младоста а сега и вие , кое е ултра модерно , зачувано(се разбира), и сите ве прашуваат од каде ви е...
    јас имам кожени чизми ... на времето на мајками и биле мали па ги облекла само неколкупати , зошто била трудна во сестрами, и биле отечени нозете па и се смалиле...случајно ги најдов во куќата супер зачувани а и во последната мода изгледаат слично на овие[​IMG] само што штиклата и таа е кожена....оваа зима ги утепав од носење
    фала мамо!




    п.с.Се надевам дека не ја повторувам темата, а ако ја повторив се извинувам однапред-не проверив
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Парчињата од мама одамна завршија во канта
    Не ме прашувајте зашто, зашто незнам
    Недозреано детиште :D
    Ама сега кога ќе се сетам имаше некои феноменални парчиња кои баш сега се носат како цветни фустанчиња, со точки и што ти не
    Ама една добра работа зашто ги фрлив зашто немаше шанси никогаш да ме соберат, уште се чудам колку мама била слаба хахахах :D
    Во секој случај имам доста накит од нејзе, не е се упроспастено
     
  3. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    И на мама и на баба им собирам јас. Од баба ми- (Дама из Париза :lol: ) и собрав некои предобри елегантни фустани шиени во Италија и единствени. Ги обожавам, од 50' години се.
    Од мама имам неколку пара штикли. И цветни блузички и суќнички. Обожавам да копам по нивните плакари, секогаш наоѓам нешто интересно и старо. :)
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Охх да..неколку класични бели кошули,фустанчиња,зимски плетени блузи.
    Посебно една кафеава блуза..омилена ми беше..ја износив до максимум.
    И чевли и сандали има некои кои ми се допаѓаат..штета што не носиме ист број. ]:)
    Си модифицирам и некои долги сукни кои ги носела,јас ги носам како корсет фустанчиња со каиш :D
    Е тука да напоменам дека и накитот и го носам :emo:
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    исто така :))... и кога ќе ме прашаат друачките од каде ти е ова она и јас епа од Франција :P
    иначе се си носам особено со мама значит исти сме само она малце пониска од мене а јас троа поголем газ :$ ама се ми одговара :)
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Уффф колку болна тема. Кога ќе ми текне што се испофрлавме ми иде да :@
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    :rofl: Леле кога го прочитав насловот си реков некој (не дајбоже) ја расекол мајка ти па си нашла нејзини парчиња во твојот плакар. После видов категорија Мода и стил. :rofl: Како и да е да не бидам офтопик јас не носам ништо од мајка ми. Едноставно нејзините парчиња ми се убави,но ми се престари за моја возраст. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Имам :) и пресреќна сум поради тоа. Имам околу 10 кошули, 4,5 сукњи и 2,3 палтенца може да се и повеќе работи, но овие сега ги носам. Овие алишта се од пред 20, 30 години кога и таа била млада, па точни ми се. Жал ми е само што немам обувки, меѓутоа јас ги скршив како мала, си играв со нив, а имаше во сите бои. Горда сум што имам парчиња нејзини, а таа е уште погорда кога ги носам. :)
     
    На Angiie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Со актуелизирањето на vintage почнав да копам по плакари... И пресреќна сум што најдов мнгоу убави парчиња, сто многу убаво ми стојат, добро се сочувани и не се ни познава дека не се купени сега, не дека се срамам од тоа, само кажувам колку се убави :$
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    За обувки немам, бидјеќи она носи помал број од мене, а имаше многу убави. Од облека имам некои фустани, како на пример нејзиниот фустан од матура кој за мене е толку прекрасен и уште неколку фустани кои се надевам дека за некоја година ќе бидат износени.
    Имам и обетки (да ги наречам висечки) кои се исто така прекрасни, но за жал не носам такви.
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Имам ..јухууу.. :rock: и тоа две преубави фустанчиња, едното црвено со бели ситни точки и едното морнарско плаво со бело. Имам и неколку преубави кошулки кои се ко нови, шо квалитет ќе беше и јас незнам. Обувки неможам да носам за жал, сите ми се големи, а какви чизми кожени има, срце ми знае. Наќит пак крадам од баба, таа е царица за тоа, мама ти е покласичен тип со злато-млато, а јас не сум баш по тоа. :)
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Може нешто да се најде :) Некои обетки, марами и сл. некои такви ситници, модни додатоци...
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Од облеката на мама имам остането само еден фустан кој го имам носено за на карневали :tmi: (во друга ситуација нема шанси да можам да го искомбинирам)
    Се’ завршило во ѓубре, и чевли и ташни и кошули и накит... :fubar:
    Кога гледам слики дури мака ми станува колку убави парталчиња имала мама и ќе сум можела да ги искористам во некои мои комбинации! Фустанчиња со точки, каиши со големи токи, кошулчиња со подуени ракави, бисерни герданчиња, сукни со цветни дезени, плутени сандалчиња... И за да ми биде уште пожал со големината немало да имам проблем а и исти број носиме на чевли! Но ништо не останало, уште поодамна се’ е исфрлено и ќе морам само по слики да гледам колку облека ќе сум можела да искористам!
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Мама се фрлила. И многу се нервирам кога ќе шеткаме по продавници и ќе ми кажи „ Еее исто вакво имав...ама го фрлив. “ Па не ми кажувај ќути си оти се нервирам какви убавини фрлила :worried: :( Ама имам неколку парчиња од она малку што зачувала. Едно тегет џемперче со кратки ракавчиња и златни копчиња. Кошула со кратки ракави. Две сикњички едната црна со бели точки, другата бела со црни точки. Едно цветно фустанче. И сите се зачувани како нови и си ги обожавам. Многу ми е жал што фрлила толкууу многу убави работи ама тоа е...Нема назад. :) А накит имам многу од мама.
    Едит: ги заборавив чантите. Имам !! :!: :D
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Добро е што таа многу работи си чува од младоста.
    Е сега многу се нервирам што откако се омажила поголемиот дел од накитот и го оставила на сестра и. Останатиот дел што е прилично мал е дома и го носам доста.
    Во однос на чевлите таа носи 2 броја поголем од мене, така да тука се паѓа во вода, а има балетанки еден куп :tmi:
    А во однос на облеката, имам неколку сукњи кои ги носам, поточно ги имам скратено од долги до кратки до колена. Панталоните не ми се точни, поточно 3 броја помали се нејзините, имала ножиња костурски.
    Од блузите имам во плакар една што таа ја носела на матура, па планирам да ја носам некад :)
     
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Да е жива и здрава мајка ми, тетка ми, баба ми :) имам многу парчиња кои сега ги носам и многу се поквалитетни и уникатни бај д веј :lol: имам од накит, марами, фустани, кошулчиња, сукњи па се до чанти, колани СЕ и СЕШТО :lol: и се си носам ;)
     
  17. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Да имам доста такви работи и облека и накит и каивчиња што посебо ми се допаѓаат.среќа што сум целата метната на неа хех имаме ист вкус па така да максимално ги искористувам нејзините работи што ги има зачувано од нејзината младост таква си е жената принципиелна си ги чува работите па сега и с еко нови
     
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Си има по нешто, други работи ги имам преправено. :D
     
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Има многу парчиња кои ги имам малце преправено и ги умрев од носење.
     
  20. AthenaAsamiya

    AthenaAsamiya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    104
    имам по некое парче облека од мајка ми :) некои и ги носам така што се помодерни,а пак некои имам ги преправено и стално си ги носам.Cамо многу ми е мака кога бевме малечки со сестра ми колку накит имаме уништено :worried: но тоа е :D