Имам земено многу од накитот, бисерни ланчиња и обетки, тоа ептен имам искористено. А од гардеробата во последно време почнав да си присвојувам, развивам некој малку поозбилен стил, па земам сакоа и кошули. За штикли да не правиме муабет, кога уште не знаев да одам со нив како што треба и ги зимав, па на крај се сожали ми купи и мене за да не и ги уништувам нејзините. Спојлер знам дека темата е за плакарот, ама да си кажам јас се што сум “позајмила“...
Имам 1 блуза ; 2/3 наметки ; 3 суќни. и еден тон наќит. Додуша до ден денес, нешто си откопувам и доколку можам го преправам секако и го земам.
Мајка ми си купе нешто ми се допадне ќе си го присвијам..и многу пати другарките ми викат -мајка ти ја носе твојта блуза -не ее моја на мама е ....
Вчера најдов еден ранец па сакам да прашам дали може да го носам за на школо(да не е многу старомоден па да не ми се смеаат)
Мајка ми скоро ништо нема зачувано а баш се враќа модата. А од сега тековно што купува обавезно си праам визита кај нејзе низ плакар и што ми се бендиса си го зимам и на крај ке ми рече ај нека ти стои, поубаво ти е тебе и така.
Блазеси ви девојки.. јас немам ништо од мајка ми, ништо не зачувала, а имала преубави парчиња облека ... кога ќе ја видам на сликите од порано истите работи се сега што се носат и само и префрлам за тоа што не ги чува Иначе t.i.n.k.b.e.l.l и мене многу ми се допаѓа ранчево, јас да сум на твое место би го носела.
ооо многу работи имам земено од кај неа..например проѕирна кошула....плик бела ташна.. и многу балетанки
Да се надополнам Баш пред некој ден од мајка ми си земав две макси сукњи, една кошула и кожна ташна... Прекрасни се и многу добро сочувани!
Ако ми чинат некои одма си ги присвојувам . Се врати модата Оломнани така шуркајки најдов една кошула на со линии плави абе преубава ја скапав носење летото подвиткани ракавите , со фармерки , со кратки пантолончиња , сега си најдов од овие што ги носат со руски јакчиња и џепче,морнарски и фустанчиња цветни
Кога гледам слики што се мајка ми имала се нервирам зошто ги фрлила сите тие работи. Пред неколку години една другарка беше купила чевли и тоа доста скапо ги беше земала и мајка ми ги гледа и вели ееее јас имав такви само едни црни, едни бели. И јас еее супер каде се? И таа ми вели еее ги фрлив. Кoлку само се нервирав тогаш. Сега кога почнаа на мода кошули и сукњи до колена таа ми кажува во какви бои имала, исти биле како сега што се носеле... Искрено се нервирам, ќе можев нешто да си ги преработам и да си ги носам, ќе си заштедев некој денар, ама ајде де... тоа е тоа, сега и да ми ги чува нејзините работи не ги сакам