Искрено јас си позејмувам многу со мајка ми. И таа некогаш нешто од кај мене, дека нејзиниот плакар си го префрлив кај мене А и во штикли, исти ни се броевите, среќа па можеме да си размернуваме
СЕ! Фармерки,маички,балетанки,патики,значи буквално се . И многу сум среќна за тоа. И таа зима од кај мене маички полно.. Незнам зошто но во последно време повеќе облека земам од братучед ми.Што да правам многу добро ми стојат машки маички.
Јас во мојот плакар имам некои работи кога мама е била млада и ги носела , но сегашната облека не ја менувам со мајка ми зошто немаме ист стил на облекување
Имам неколку парчиња облека од младоста на мајка ми, која ми ги стеснува околу половината зошто сум малку послаба од неа. Пред некој ден, повторно најдов 2 убави фустани,како нови се и баш како што деновиве се носат, еден е бел со тегет точки, а другиот со црвено-бели линии..само да се проубави времето има да ги износам
Имам три пара преубави штикли. Едно комплетче што е сон и едвај чекам да си го средам малце телото па да можам да го носам. Преемногу накит. Филигрански особено. Толку убави што ми е страв да ги носам да не ги оштетам.
имам ваква црвенкаста и без ракави, црн тесен фустан со колан и бели јаки. ваква сива, во ќошот со мали букви пишува tennis и многу други алишта.
Последен пат си најдов три убави парчиња на кои им се изнарадував Бордо кошула со многу интересни копчиња и потпунки на рамењата (што се на принцип на лепенка, па кога сакам ќе ги вадам, кога сакам ќе ги ставам), многу меко квалитетно џемперче во нежна нијанса на розева и маслинеста лелеава сукња до под колена (која за жал ќе ја носам тек другото лето здравје). Кошулата особено ми направи мерак (иако веќе имам една црвена, до душа оваа е потемна). Прво помислив дека мајка ми ги сменила долните копчиња бидејќи беа поинакви, обични, ама после видов дека уствари тие се внатрешни и не се гледаат. Таква е фабрички
Не дека се ретро нешто,ама си присвојувам нејзини парчиња облека,признавам. Шушкавец без ракавчиња последен пат си присвоив.Инаку ден ден памтам едни тренерки,само што си ги беше купила и ги зедов и никогаш повеќе не и ги вратив,преубави беа,сега избледеа ама пак ги носам по дома.И никогаш повеќе не најдов такви. Друго? Па близичка една розовка на долги ракавчиња се сеќавам од поодамна и присвоив,ама не ја носам повеќе. Пред некое време си најдов и многу убави патики,2 пара,едните маслинести другите тигрести ама се едните као старки,преубави а другите као овие модерниве,како се викаат платнените кондурчиња шо се носат сега? Ама пак се спортски,ептен им се израдував. И едни фармерки раперски и присвоив,кој мерак им имам,сеуште. Понекогаш и завидувам на некое шик парченце облека,ама сакам и јас да ја изненадувам со нови парталчиња иако финансиски никогаш не стојам добро за да и приуштам такво нешто.За жал. Таа иако знае да мрмори кога и земам нешто,секогаш се ми дава,а јас што сум и дала?
Има многу нејзина облека во мој плакар пошо она на времето била јака типка слаба висока имам земено 2 пара фармерки неколку кошули црни и бела со нитни и она знае да земе нешто од мене пошо таква си е малце не се смета себе за постара и коа кје ја видат наши другарки секогаш остануваат со отворена уста..а има имногу добри џемперчиња ама дада ме претрка
Имам сако и неколку други блузи и маички, но кога ќе ми притекне им додавам,им одземам по нешто и изгледаат како да се нови.
Многу чести си присвојувам работи од нејзиниот плакар во мојот и често кога нешто ново ќе си купи или многу си сака некоја маица на пример и само ја молам да пробам и одма вели: „Ах останав без маица“ зошто знај дека ако сакам да ја пробам планирам да си ја присвојам x'D