Има има, се наоѓа по нешто, скоро најдовме едно црно палтенце таман ми е, и ден-денес ако треба нешто си позајмуваме , ама мноогу ретко
Имам многу џемперчиња од мајка ми. Чудно е што ми одговараат. Она беше послаба од мене. Во разни бои се. Ги носам во секоја пригода. Со тоа заштедив пари од купување нови.
Имам неколку кожни чанти, ремени и ракавици од мајка ми. До ден денес се како нови, таа порано обожавала вакви додатоци и секогаш ги одбирала најквалитетните. Прекрасни се и си ги носам со гордост.
Работи кои повеќе не ми се допаѓаат ги носи мајка ми, работи кои неа не ѝ се допаѓаат ги носам јас. А постојано да менуваме мое- твое, не. Најомилениот џемпер е од пред 20 години кога последен пат го носеше мајка ми и после тоа едноставно не ѝ беше убав. Дип не фати зима, премногу е дебел џемпер за да си го носам зимава. Кој ќе чека до следната зима.
Мајка ми си шиела сама алишта кога била девојка. А тоа што не го шиела и било од Солун. Пошто си била помодарка, сè чувала, иако пола алишта ги испофрлала, пошо си рекла ај кога ќе го облечам пак ова... Епа за жал или среќа слични алишта се носат и денес, па имам присвоено неколку парчиња што и останале. Среќа сме иста висина и тежина и сè ми одговара. Ептен ги сакам. А и она си носи мои.
Многу парчиња облека имам присвоено од кога била млада мајка ми. Се враќа модата, а и доста била поквалитетна облеката тогаш, бар некако така ми изгледа, парчињата се како нови сочувани.
Добро е што ги чува и се во одлична состојба, сакам олд скул облека и тоа носам многу често, позајмено од неа. Чантите, чизмите и костумчињата се многу квалитетни, после 20 години се како нови. Се прашувам што од моите парталчиња би носеле моите деца? Одговорот е ништо.