имам неколку сукњи од мајками ама модифицирани од долги во кратки си ги направив и ми се многу убави, а да исто така има некој накит и коланчиња
О да. Накит имам и од мама и од баба феноменален, среќа мајка ми се држи до тезата Квалитет пред квантитет, па се што си купила некогаш денес е во одлична состојба. Покрај тоа има и каиши, по некоја ташна знае да се најде. За чевли, за жал повеќето ги износила па нема нешто посебно ама од алишта баба ми се чува. Кога и да отидам таму си се враќам дома со нешто ново. Имам и панталони, блузички, феноменални џемпери, и моите омилени сакоа и фустани.
Има доста облека,само што била премногу слаба така да мене поголемиот дел ми се мали....Ама затоа пред некој ден си најдов една преубава суќња и едвај чекам да си ја облечам.Си најдов и една кошулка,добро е што е широчка па ме собира....Од накит само едно ланче си најдов. Е да бев слаба ко она што била во тоа време,немаше ни да ми текне да искочам до град за да си купам нешто,ама тоа е или јас да ослабам или само така да си ги гледам како фаќаат прашина
Јас си имам се од мамичка. Чевли со висока штикла, балетанки, отворени за прсте напред... што ли не. Баш и боите ми прилегаат, некои неутрални се наоѓаат - крем, бело, кафено, црно... класика! Долги здолништа за летен период има неколку, во убави свежи и летни бои - жолта светло, окер, црвена, бела... Со фустаните исто така немаме проблем, само треба малце да се модификуваат во деколтето нели... Сите марами кои ги имам се од нејзино време. Квалитетот е далеку подобар од оние новите кои се произведуваат. Имам маички и кошули кои ги носела таа. Секако дека се подолги и пошироки, но ми оди во прилог тоа, на такво парче секогаш можеш варијации да му правиш, отколку на тесно и ограничено. Имам чанти од мајка ми. Чиста кожа која не смее да се пропушти. Па огромни пари се фрлале на тие чуда. И баш ми изгледаат vintage. Не би ги менувала за ниедна од оние јас кои сум ги купила. Сентименталната вредност е непроценлива. Инаку и современите парчиња од мама си наоѓаат место во мојот вечерен аутфит, иако е сега покрупна од на младост, во таа смисла што кога ќе ме пукне криза за нешто ново за излегување, и земам некоја сукња од оние во комплет со сако што одат, и наместо како здолниште, ја носам како како фустан, стегнат со ремен околу половината. Ем ново, ем оригинално и неповторливо.
Среќа што мајка ми чувала и не фрлала. Таванот во таткова куќа е преполн со партали, милувам така да ги речам иако со задоволство си ги земам и носам. Кошули, фустанчиња, панталони со висок струк, сукњи, ленени панталони... што порано биле модерни сега пак се ин, од време на време, одам, нурам и прибирам. Модификувам, пример кратам сукњи, теснам панталони, сечам ракави, ставам нови ластици, додавам каифчиња, некое парченце соодветен накит и сум тип-топ скоцкана. Фала мамо.
Нема мајка ми зачувано нешто многу од нејзината гаредоба и многу ме нервира кога ќе купиме нешто со сестра ми и одма ни вика....ејјјј јас имав исто вакво кога бев млада, ама го фрлив Единствено од нејзино време има зачувано неколку марами, тегет сако, фустанче и некое џемпрече. Имаше и еден ѓердан, ама јас си го направив менѓуши. Друго што има зачувано се парфемите од тоа време, Чарли и уште некои, преубаво мирисаат и многу долго време траат. Од баба ми имам само накит како брош пеперутка, уникатен прстен со природни камења, ѓердани исклучиво од сребро и повеќе доминираат праричките.
Ништо. Нада. Натинг. Само една кошула, која нејзе и била екстремно широка а мене ми е само широка. Прво била многу, многу послаба од мене и да има нешто зачувано на некој таван, шансите дека ќе се пикнам во тоа се многу мали. Како успевала да има 50кг, јас не знам. Затоа сега си надокнадува. Второ, едно време чувале секакви работи, од мали бебешки чевлиња па до матурски фустани, ама на баба ми и на дедо ми им здосадило да ги преместуваат од едно на друго место и мислам, а се надевам дека не е така, дека се фрлија еден ден. Онака колективно фрлање. Денес често се случува да и земам нешто нејзино за да носам, нели немам јас што да носам. Има убави кошули и такви растресени блузи како што сакам. А за секојдневието ни она ме бендисува како се облекувам ни па јас неа. Секојдневно и префрлам дека се има запуштено во поглед на облеката, ама донекаде ја оправдувам затоа што работи во нецивилизирано место оддалечено од градот и мора да оди по терени и слично.
Да ми е жива и здрава мама, што зачувала многу оригинални ствари од младоста. Баш во периодов ми се погодени кошулите. Единствено ми е многу криво што носам подолем број на чевли од неа....така да тоа пропаѓа во вода. Најносени работи ми се алките и коланите, ги утепав од носење
чевли и да сакам неможам да и земам она носи 37 јас 40 (брука) ама некои фустанчиња и некои добри кошули да...
Облека баш и немам затоа што мајка ми не сочувала многу. Само по некоја кошулка која ја носам со колан или неколку сукњи кои сум ги поткратила во должина. Ама затоа па накит и марами... скоро сите ми се нејзини. И некои ташнички кожни, како и едни црвени антилоп чизмички за на снег кои ги отепувам од носење веќе неколку зими. А, да, некогаш во зима и‘ ја носам бундата што си ја купила кога била на факултет. Најново што ми текна е да и‘ ја земам венчаницата и да си ја преправам за излегување затоа што целата е од чипка и преубаво ќе дојде.
Верувале или не, најубавите колани кои ги имам во мојот плакар се оние од баба ми. Шарени, еднобојни, мали, големи... Имам буквално секакви, и можам слободно да кажам дека се поубави и каде-каде поквалитетни од повеќето кои ги гледам низ нашиве продавници. Исто така имам многу облека од мајка ми кои забележувам дека повторно се враќаат во мода. Никако не ги фрлајте, може да се најдат многу интересни парчиња кои со мали модификации можат да најдат голема примена во вашето секојдневие. Секако, многу е важно да се знае како сето тоа добро да се искомбинира.
Омилените пачиња облека ми се од мајка ми. Имам маички од пред 40 години(верувале или не ) и прекрасни се. Модата се враќа, па така, мајка ми порано љубела чипка и машнички, и јас сега и нурнав во плакарот Не сочувала премногу работи, ама има Има неколку сукњи што ги скртив и ги стеснив за да ми бидат на половина, има еден прекрасен фустан кој е како скроен за мене. Имам и неколку ташни кои она не ги сака, а мене ми се прекрасни. И се многу поквалитетни од некои за кои би платила и по 3000-4000.
Daa bash ovaa zima iskopav eden prekrasen bel dzemper koj si go iznanosev i site me prashuvaa od kade mi e a ja samo si se smeshkav.Inache i nakit neshto imam zemeno posebno od baba mi preubavo lanche so vistinski ohridski biser [mod-kirilica:30pg7cbt][/mod-kirilica:30pg7cbt]
Еве ова плико е од плакарот на мајка ми. Облека немам многу затоа што таа повеќе се облекувала спортско, сепак се наоѓа нешто. Неодамна најдоф една сукња, која со мали преправки ја направив фустан. Имав и неколку пара обетки, но се испогубив уште кога бев помала, сега ми е мака.
од плакарот на мама имам " чорнато " една-две кошули. интересни се и баш по мој крој. имам една чанта исто така од мајка ми, неколку колани и пар чизми
Имам да, и не само од младоста туку и сега си менуваме облека. Тука сме со броевите, па и со вкусот и не гледам причина зошто не би менувале облека. Се наоѓаат нејзини парчиња во мојот плакар, но и обратно: мои во нејзиниот! И тоа секаков вид: фармерки, сукњи, блузи, тренерки, чевли... Што да правам кога таа знае да се облече младалачки..
Имам неколку кошули баш онака ретро се и сега глеам се у мода па си ги комбинирам со фармерки а исто така и неколку маички во штрафти онака баш морнарски стил што сега повторно се врати во мода! имам сочувано и 2 ташнички..ептен се радувам на нив а глеам и мајка ми коа ме глеа као си го носам!
Кога била колку мене сме биле исти по тежина и едни фармерки портокалови најмногу сакам да го носам .Ептен се тесни и ги комбинирам со некој тесен корсет , преубаво стои . Имам околу 5-6 марами во различни бои и 2 очила за сонце.
Имам неколку парчиња облека кои си ги носам со задоволство, без разлика колку се стари, и тоа што не се баш во мој стил... Но ете ми се допаѓаат. Имам една долга и широка сукња која ја утепувам од носење сега преку лето, многу интересно изгледа. Потоа имам неколку блузички и кошули. А за накит да не зборувам, најубавите парчиња накит ми се од мајка ми.