Јас се послужувам со облека од две дами - мајка ми и тетка ми. тетка ми е млада,35 год. Но некои работи кои веќе и се мали ми ги дава на мене. На пр. пред некој ден ми даде 3 маички,имаат некои везени детали баш се слатки на прерамки,во 3 бои црна,бела и маслинесто зелена. Ми даде и еден romper (незз како се викаат на мак ) кремаста боја е. го обожавам!! Едвај чекам да го носам на плажа Од мамичка позајмувам облека но не толку често.Едвај чекам да потпораснам за да можам да носам еден пар штикли кои ми се ептен слатки (13 год. имам и малце ми е рано за штикли и имаме ист број на чевли со мајками) .Позајмувам и сандали и балетанки.... Најчесто тоа
кај мене нема...различен вкус имаме до душа некогаш е обратно таа знае да си позајми нешто од мојот плакар
Ах... Кога ги гледам сликите од мајка ми млада.... Колку убави парчиња имала, ама ете, некои се испофрлени, а оние убавите ги давала на ќерката на една комшика... Не мислела дека еден ден ќе има женско дете дома и дека модата се врти... Затоа, јас убавите парчиња ќе си ги чувам. Иначе, имам од мама некои парчиња кои сепак останале. Една долга сукња (како на Гоу-грл), ама јас сега ќе ја скратам. Имам кошула со некоја си розово-кафеава темна нијанса и со карнери(ама, како ја објаснив нијансата... ). Иначе, мајка ми има зачувано едни сандали со ременчиња бели со црно, абе убавина. А колку се згодни... мх,мх Штета што се полна пета... И тоа 10ка високи. Ќе почекам за нив. Абре... Имам повеќе работи. Ама сега во моментов, не ми текнува. Кога ќе се сетам, ќе пишам пак.
Едно големно браво за темава! Еииии па како на мене не ми текнало да земам нешто од кај мајка ми Кога кје одам кај баба ми, обавезно кје пребарам да видам што има нешто кога носела како помлада и ако е убаво кје си го земам секако
Јас од баба ми, мајка ми и тетка ми имав уште како мала па и сега купишта работи. Воошпто не сум моден тип и сакам класични и вонвременски работи кои ми стојат многу убаво иако се од пред чудо години.
Има нешто, но некако јас и мајка ми воопшто немаме ист стил на носење, така да нека и стојат во нејзин плакар, боље е Иначе, она повеќе зема од мој плакар, мора да признаам.. почна мода некоја да тера хахаххах!
Па, јас не носам ништо нејзино, ама затоа таа ми ги прибира сите мои постари парчиња облека кои не ги носам повеќе. Дури и чевлите ми ги носи понекогаш
Ги обожавам! Мајчето ми имало добар стил кога била на моја возраст. Па дури и од баба ми имам 2 ретро маички.
Имаммммм си најдов ташна и балетанки многу ми се убави и си ги носам.. Исто и едно фустанче и некои маички
Неколку чанти кои мајка ми го носела порано сега се моја сопственост Но исто така ја користам и гардеробата која сега ја носи но бидејќи е покрупна немсто на пр. како кошула ќе ја облечам одредена кошула како туника со каиш а и некои други комбинации си правам
Имам, имам... Имала мама вкус на времето, па и сега! Имам нејзини ташни, марами, фустанчиња, кратки панталони и некои поголеми маички кои ги комбинирам со каиш, хеланчиња и балетанки.
Со мајка ми и ден денешен си заменуваме алишта таа млада си е супер се облекува па оти да не и поткраднам по некое парче
Мајка ми по потекло е од Милано, има многу елегантни парчиња...многу се погодни за свечености...исто така имам и многу спортски работи од неа...обожувам да претурам по нејзините работи xD