..Истото важи и за мене Шала на страна..имам многу парчиња од мајка ми она коа била во цутот на младоста, се облекувала многу како да се изразам..секси бидејќи е многу внимателна ги чува дури и првите штикли, покрај тоа има многу фармерчиња блузички хеланки од времето кога она била на мои години и многу нормално јас го поседувам се тоа..
Имам многу парчиња од мајка ми и морам да признаам дека се најубавите што ги имам. Многу сум и благодарна што ги чувала уште од времето кога била девојка и не само облеката имам наследено и многу накит и ташни. Имаме сличен вкус па сега со што и да си се поднови знам понекогаш да и го поткраднам
Од мајка ми имам само една црна сукња, со точки. Од кога била млада колку мене Убава е, малку ми е голема, чекам да ми ја среди. Потоа, некогаш си позајмувам некои нејзини блузи, што ми се убави. А многу пати и имам земено нешто што го земала таа за себе, и да и речам Е, ОВА Е БАШ КАКО ЗА МЕНЕ А инаку, од порано, кога била млада, немам ништо. Баба ми кога мајка ми се омажила, ги раздала убавите работи по братучедите од мајка ми, нешто оставила, но поубавите работи ги дала...
Немам ништо од мајка ми, ни од времето ни од сега. Ги чува нејзините работи од кога била млада, но ништо не ми е по вкус, ниту пак точно, различно сме градени.. Имаме апсолутно различен вкус за се, така и за ова..
Мајка ми повеќе од работите што ги носела не ги чува. Но најдов нешто, не сум без ич Имам неколку долги, широки сукњи, но јас ги носам како фустанчиња. Ја подигам сукњата до под гради, ставам каиш или под градите или на половината и завршена работа. Прекрасно летно фустанче
Имам неколку, си ги комбинирам, додавам нешто.. Не се многу, ама гледам да не останат исти, ги „преуредувам“. Х)
Немам ишто од мајками во плакарот бидеќи ништо не ми чини,порано ми беа мали,а сега ми се широки,така да и да сакам неможам да ги носам
Не, од причина што нејзината половина гардероба што ја носела порано е излитена и не е за носење. А како второ и многу ми е старомодна и не би ја облекла
Јас немам речиси ништо од неа. Како прво немаме иста тежина, како второ не ми се допаѓаат повеќето парчиња облека. Имам две-три блузи кои на неа и се мали а мене ми се допаѓаат и имам две џемперчиња. Друго ништо.
Ташничката на мама од нејзината свадба. Малечка е кожна, бела, со долго рамче баш како што се заносеа сега оние малите само за паричник и цигари. Ја обожавам. Сигурна сум дека би можело да се искористат и други работи ама не без поправка Кога ке имам време сигурно ке разгледам!
Од мама имам една маица широка бела, една мала марама за на врат црно со бело и едно мало црно ременче Не сум проверила ќе и џапнам уше нешо
Многу. Уште додека живеев кај моите со мајка ми заедно делевме некои работи.Сега кога одам кај нив знам понекогаш да прочепкам низ плакарите. Горда сум дека имам 2 фустани од познати имиња,кој сум ги носела и најчесто реакциите биле вакви во позитивна смисла.Имам едни кожни шорцеви,кожни панталони и сукња,кои никогаш не излегуваат од мода.Еден летен комплет со бесно име кој е класика.Мама била многу модерна и можела да оди на шопинг во Париз.Има и парчиња кои си ги носи сестра ми. Е сега, бидејки и јас сум мама,и дома имам едно мало девојче кое многу сака да се дотерува,и кај ќерка ми може да се најдат фустанчиња од кога мајка и била мала.Среќа мајка ми зачувала некои алишта од моето детство,па ќерка ми со гордост ги носи.Секогаш кога е кај баба и,пребарува во плакарите(исто како мајка и )барајки алишта од мама. Вчера прередувајки ги моите плакари,на мајка ми и викам дека незнам што да правам со нешто на кое одамна му поминала модата.А мајка ми -чувај ,ќерка ти ќе носи. Сега кога мојата мама е повозрасна(не купува често),кога треба да се оди некаде и притоа треба да се биде посвечено облечен,тука сум јас да и притрчам со нешто помодерно.За среќа носиме ист број. И така се се врти во круг.
За моја несреќа мајка ми е многу поситна од мене и немав(м) многу избор околу нејзината гардероба и чевли. Баба ми чува по нешто па имам во план да поминам некој ден да направам ревизија на алиштата да не случајно најдам нешто. Ако мисијата испадне успешна или барем полу-успешна ќе пишам повторно за исходот
Имам и од мајка ми и од баба ми. И двете се модерни и ми се допаѓа нивниот вкус. Исто така имам и од поголемата сестра. Некогаш само ги поправам, т.е додавам нешто (ги изменувам). Ама го сакам vintage стилот, така да...
Aaa имам и од мама, и од баба. Eдноставно ги сакам тие парчиња. Имам од мама и капутчиња, и чизми и чевли, а пак за блузи да не правам муабет и од баба од младоста си имам едни панталончиња, со висок струк, и 2-3 блузички. Kога бевме малечки јас и сестра ми постојано си игравме ос фустаните на баба од 50'