1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парчиња од мама во мојот плакар

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kolovoz, 4 јуни 2011.

  1. isabella0312

    isabella0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    32
    Имам многу парчиња од мајка ми, јас и она секогаш си ги делиме облеките!! :)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Некна, кога бев кај баба ми, буквално во несвест ќе паднев. Па не се нормални, никогаш не ми кажале дека на таван чувале вреќи и вреќи со алишта. Од баба ми, од мајка ми и од тетка ми. Баба ми на времето, имала обичај секоја година да си купува барем 1, 2 капута - имало преку 20. :o Јас и викам, абре 20 факинг капута, еј, 20, како во вреќи сте ги пикнале, нели ви е жал така да стојат.... :o :rofl:

    Проблемот е што баба ми кога ги носела имала 47кг, :D ама тука влетува дедо ми со неговите капути. :rofl: Озбилна сум, ова мислам дека е првиот пост во која феминка вика дека ќе носи нешто од дедо и. :rofl: Иста навика за колекционирање, па планирам да одам после колоквиуми на копање. ]:)

    Ако се здрави и прави, планирам скелетот на некои капути да го преправам, во смисла нови копчиња, малку струкирање и како нови. :wasntme:

    А па кога прашав дали имало нешто друго, се погледнаа, во смисол - Ти мислиш ние голи одевме под капутите ?? 8)

    Којзнае што ќе најдам, одвај чекам да одам да тарашкам. :D
     
    На rossonerka, ana-banana и Stam им се допаѓа ова.
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Немам ништо од мама во мојот плакар за жал. Едно што таа немала премногу облека (дека многу деца а дедо ми со малку пари), второ и тоа што го има од кога се вработила па почнала да си купува ми е мало. Пред да се омажи била 45 кг. :tmi: , што е далеку од мојата тежина. А и за обувки немам среќа таа носи 2броја помали од мојот број.
     
  4. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Немам ништо од мајка ми во мојот плакар бидејки јас сум покрупна од неа а и носам број кондури така да ништо не ми одговара. Може да се случи ако купам јас нешто помало или тесно па да и го дадам на мајка ми ;)
     
  5. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Многу ретко се најдува нешто што без преправање би го носела. Имам една лелеава летна сукничка, елече комплет со истата и два-три пара кратки шорцеви. Можи се малку ама сите ми се на кеф. :) Инаку има уште мал милион парчиња кои доколку бев помала мрза и поголем креативец ќе ги преправев сите до еден и ќе ги изнаносев.. ама ајј натерај ме |(
    За обувки стварно ми е криво што не носиме ист број (ахх само 1 број е во прашање ама не чини та не чини), зашто преееубави штикленца и чизмичиња ималаа :(
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Имам! Многу се радувам кога ќе најдам некое нејзино парче а да ми одговара и мене :sun: Пред една недела најдов едно сако кремаво, струкирано.... немате претстава какво е! Немат копија ми се чинит! И го дадов да го исперит па ќе е спремно за носење!
    Исто, имам 2-3 блузички нејзини, ташни од порано и најдов шо си ги носам и пак ќе речам - уникатни се.
    Кога ќе отидам Охрид наместо да влечкам чизми од овде, ги носам нејзините. Eптен ни е погоден вкусот за облека и скоро секогаш таа ми е верен придружник кога сакам да купам нешто - најдобар советник е! :)
    (I love mommy!)
     
  7. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Со мамичка сме си иста висина, иста тежина! <3 Само обувки не носиме ист број. Сепак не менуваме многу алишта, ама има одредени парчиња што си ги чувала жената од младоста абре ЕПТЕН се убави.. Палтенца што сега се носат, што им се вратила модата, да не претерам ама минимум 10 ги има и сите се во супер форма. Исто така има и некои ташни од младоста, и тие се преубави! Овие парченца најмногу ги ценам поради квалитетот, зошто многу е тешко денес да најдеш ташна на пример што нема да се скине брзо.
     
  8. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Да, јас истотака носам облека од мајка ми. Хеланки, блузи, панталони, суќни, обувки, штикли, палта, накит.......И од времето кога била млада а нешто и ново...
     
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Еј, арно ме потсетивте!
    Си пробуричкав низ плакарот на мама и си најдов интересна блузичка. Точна ми е, и модерна. Yeah! :rock:
     
  10. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Немам ништо од мама, различни броеви сме, различна градба.. :(
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ретко, но понекогаш се наоѓа нешто ;)
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Мислам дека имам 50% од облеката наследено од мама.

    Освен што зачувала ептен кул работи, имам обетки, марами, наочари од неа, што кога ги носев порано, добивав смешни коментари дека се демоде (како на пример Рејбанките што пола Скопје и хипстерај ги носеше годинава), а мене ми беа буквално извадени од минатото, сочувани ко да се купени вчера!

    Имам неколку пара чизми, кожни, од неа, што во зима кога ги носам, соодветно комбинирани, сум добила позитивни коментари дека вакви парчиња, сега доживуваат повторно враќање, и тоа од брендови како Манго, Бурбери, Марк Џејкобс.
    И така е.

    Фала мамо :*
     
  13. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Немам ништо од мама, се фрлила и сега јас сум лута :@ :@ :@
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    И од мајка ми ,а и од баба ми имам и да бидам искрена со гордост ги носам, ептен ми се погодени како модата така и кројот :)
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Имам многу работи од мајка ми и благодарна сум и што си ги чувала. :lol: Сепак мајка ми не е многу стара и некои работи си мениме, јас носам од неа она од мене. :D
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Епа со мајками си заменувам се и облека и обувки :) Обично кога купуваме обувки купуваме двете.
    Таа купува едни а јас различни од нејзините и си разменуваме..А оние парчина што најмногу ми се допаѓаат и ги посвојувам :lol:
     
  17. smajliX

    smajliX Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    29
    Имам еден куп работи, модерна била мама на времето. Моментално што носам е 3-4 кошули, 2 фустани едни чизми и една кожна плик ташна.
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Имам останато само една дрвена колба и кафена винтиџ ташна од сестра ми од пред 15 години и толку. Hемам ништо од мајка ми за жал, се давала по луге, не помислила дека модата се врти. Кога гледам на слики, од фустани до чевли се немало промашај, и ништо не зачувала за мене :@ Вакви модели како на сликите исти имала, кои беа хит ова лето а и следното.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Денеска удрив асално копање низ подрум кај баба, наредна недела го напаѓам таванот. :D

    Исходот е следниот ]:) :

    - 5 и повеќе капута, кои ми се малку големи/мали и не знам што да им правам, додека смислам, ги оставив таму. Најдов еден во џиш жолта боја, што нема копчиња и се носи како наметка, ама ми е малку широк. Ако има некој искуство со преправање на вакви работи, нека ми пише лп, страв ми е да го однесам на шнајдер да не го упропасти.

    - 4 сакоа, 3 си земав за мене. Мастило плаво, имаше едно окер боја и уште едно што го заборавив, ама ми беше убаво. :D

    - 2 елека, одвај чекам да ги носам! :D

    - Милион кошулчиња, такви лелеави, во смарагдно зелена боја, кајсија боја, руменило некое розеникаво, обични кошули, памучни, сивкасти, црни... Имаше еден куп, земав само 5-6.

    - Џемперчиња, дебели, се гледа дека се купени од некоја квалитетна фирма, зашто, ако верувате, конче не им фали. Исти се како што биле тогаш.

    Ова е богатство, еј, имаше уште еден куп други работи, што ми беа големи или мали, па останаа. Одвај чекам да барам наредна недела, очекувам да најдам марами, ташни, чевли, фустани.... :rock:
     
    На Anja98, maca99, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Абре Дузице дај собери и широки народни маси, да помогнеме во празнење на подруми и тавани. Како читам што се си собрала ми доаѓа да ја пљачкам баба ти.

    Со здравје да си носиш се, па кога ќе те прашаат од каде ти враќај, бутик Кај баба.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.