1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парчиња од мама во мојот плакар

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kolovoz, 4 јуни 2011.

  1. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Не мама, не баба, ами цел комшилук се навртил дома кај мене ко на изложба со нивните ствари! :rofl: Вчера си разговарав со баба ми и и раскажував како тоа модата се враќа, дека многу другарки си присвоија облека од мајките и бабите и... стана женава, прочепка во визба и донесе 2 чантички и 5-6 марами. Зајдов кога ги видов. Едното чанте има дрвена рачки а надолу е бела плетка и се затвора на оној старински начин. :inlove: Само уште да си го исперам. И ај бидна што бидна со ова, туку сабајлево ме свика баба да слезам долу. Слегувам и гледам две комшивки седнати со по 2-3 чанти вскут. Лелее ме фати смеа зашто одма ми текна што марифет направила баба ми. :rofl: И ги гледам јас чантиве (една ми се бендиса, другиве послабо, а и не беа зачувани) и морав, ради реда и култура, да велам еееј супер, фала многу, ова она... Па и едната почна да ми се правда дека внука и ги зела останатите работи, па не ми донесла нешто фазла. :P
    Бабо, бабооо.. смешки си :*
     
    На macence85, maca99, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Мајка ми нема многу сочувани парчиња облека сите ги фрлила, но има многу накит и ташни што и ги прибрав си ги присвоив и не и ги враќам. :)
    Но да е жива и здрава тетка ми што чува алишта од пред 30 години па така расчистувајќи го плакарот си прибрабрав неколку џемпери и 2 палта.
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    И јас од мама слабо,освен две фустанчиња на кои им се врати модата(само малку ги скратив) и една сукња која таман ми беше и си ја носам.Ама од баба зедов еден куп марами,и една ташничка -плико,од оние големите баш сега што се носат. :inlove:

    п.с. Симона,ме изнасмеа имаш супер бабичка :l:
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Парчиња од мама во мојот плакар врие!
    Најносената чанта е нејзина од пред 20-30 години, не знам колку таму.
    Сандалите од матура се прекрасни ама како мала ги расклатив и...џабе ми е сега се.

    Кошули, сукњи, фустани, накит, се што уште не фрлила прибрав кај мене да не и текне некој ден случајно чистка да направи па да цркнам од нервоза. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па немам многу. Некои џемпери стварно се убави, има едно многу убаво ко сако струкирано но не класично сако, туку спортско со патент кој не е на средина. Џабе сега го објаснувам, слика и прилика др пат, да видите што убаво е. И си носам една јакна нејзина, преубава ми е, многу убав модел, лани ми беше широка, годинава ја пробав таман ми е уз тело, но не премногу, ракавите се малку широчки.
    Има некои работи, али ако она не ми ги покаже, немало никогаш да ми текне да ѕирнам во нејзните работи од младоста.
    А од поновите работи, си ги менуваме, таа знае да облече некое мое џемперче, марама и нешто слично, но и јас знам да облечам некоја блуза која си ја купила за нејзе, па јас ќе и ја присвојам.
    Цела среќа што носиме ист број, слична конструкција имаме, слабички, ниски. Таман сме си. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Утринава пак харав низ старите шкафови по дома. Не ми се спиеше, не ми се работеше, и се фрлив на работа. После едночасовно роварење, станав горд сопственик на:

    - струкирано сако во таа праско-кремастата боја што е хит;
    - иста боја кратка сукњичка со висок струк и тесна;
    - широка бела свилена кошула (од татко ми, ама ич не ми чуе ќе си ја носам);
    - проѕирна свилена кошула со цветичи (со потпунки од кои набрзо ќе се отарасам);
    - обична памучна маичка во корално црвена боја;
    - долга сукња сенф боја;
    - долга сукња со црно-бели точки.

    Очекувајте бомбардирање на модни критики кога ќе ги исперам парчињава. Ќе си мочнам од среќа, извинете вака. :D
     
    На BeYourself, Artemission, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите убави свилени марами ми се од мајка ми и една од кашмир ама таа не се осмелувам да ја носам, лом ќе ја направам. Едно 10тина марами ми се од неа сите сепренежни и елегантни.
    Имам една убава суќна со висок струк, доста интересен дезен, само треба да је стеснам, немам широки кукови па и гз :D
    И едно сто џемпери од природна волна и едно како капутче сирогојно ама најубаво на свет.
    Сирогојното е уникат едно од најценетите парчиња а не се произведуваат веќе или ретко :)
    Црвено е а на грбот има извезено елка ама прекрасно е доловено.
    И колку многу топли, башка е и уникатно такво нема никој. Најновогодишно е на цел свет 8)
    Накит послабо, мајка ми цел го фрлила незнам зашто |(
    И каиши исто а имала исти како оние дебелите што се носат ама сите ги фрлира, мислејќи дека нема да дојдат во мода |(
    Фармерките не се за употреба, ептен сме различна градба.
    И за крај ги оставив кошулите и сакоата, мислам дека скоро сите свилени кошули и сако на мајка ми сум ги носела берем еднаш, има кошули во сите бои и различни модели,исти како сега овие што се модерни малку прозирни, со карнери, што се врзуваат горе, долги, покртаки истите што сега се носат, само квалитетот не бил ист.
    Штета што некои како мала ги уништив од мојата радозналост :P
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    па сум и зела од тие долгите суќни и ги носам како фустани со каиш, малце ги преправав ( шлиц ова она :lol: ) и бели кошули кои предобро стојат на фармерки, такви неможам никаде да најдам
    и едно елече како везано(со цветчиња и ливчиња) е многу си го сакамм :inlove:
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Од мама имам неколку сукњи но бидејќи мене ми се големки одма ги правам фустанчиња, накит немам многу уствари само едни обетки а за чанти имам две црна со бела и едната е само црна
     
  10. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    И од мама парчињата завршиле во канта, ама имам две-три блузи од неа. Не се нешо посебни ги носам за по дома. :D
     
  11. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Во нојот плакар нема ништо од мајка ми.Нема затоа што имаме многу различен стил...... :)
     
  12. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Во мојот плакар нема парчиња од мама затоа што имаме различен вкус.
     
  13. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Охооо..па мене да не речам, пола плакар ми е полн со гардероба од мајка ми...од време на време ќе прочепкам кај нејзе и си наоѓам по уште нешто. До сега си го изнаносив едно црвено волнено капутче, најубаво што може да биде. Една бундичка, ама не онаква со крзното однадвор, туку превртена, крзненцето внатре. И двете ми беа до под колена јас ги скратив по едно 10-тина сантиметри и сега ми се топ. Имам една кошулка, романтичен стил некој, со малку широчки ракавчиња, а залепена во телото, ја отепав од носење.Кошулка црна со цветчиња ситни низ неа. Кремови сафари панталончиња. Бели кратки фармерчиња. Ленени кремово-бело панталончиња. Една летна сукња, бела со доле малку плавко и розевко, сон. Неколку марами. Од накит за жал не зачувала ништо, им го дала на моите братучедки. Едни црни сандалки со ремче околу глуждот. Чизми како малку набрани од страна. Црни салонки со една тенка златна линија во делот помеѓу петата и штиклата. Веќе и не ми текнува друго. Ова е она што највеќе сум го износила.
     
  14. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Јас и мајка ми имаме различен вкус, ама си имам најдено некои убави работи....

    1 џемперче и присвоив, а 1 и го зимам понекогаш. 1 блуза и земав и едни кондури/ниски чизмички и земав што и се стари накај 15 години :D Ама многу се убави и квалитетни :!:
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Обувки немам нејзини-бидејќи немаме ист вкус за тоа,ама алишта- Да ! :nod:
    Сега брзо и земав едно убаво фустанче.Исто така имам и доста нејзини блузи.Баш убаво ми стојат. :)
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.767
    Кај нас е обратно :D
    Плакарот на мама е преполн со мои парчиња :!: кои секако на возраста целосно и одговараат.
     
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Мојот плакар е штотуку збогатен за две кошули и сако од кај мајка ми. :rofl:
     
  18. elinela

    elinela Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    20
    Уф колку убави парчиња облека имам ископано од мојата мајка и баба 8) а бре купови алишта,стварно биле жениве вери фешнбл :D и се што е сега во тренд го има кај мене во подрум т.е во мојот бутик така си го викам и секогаш кога одам во подрум кажувам дека идам на шопинг и буквално исто се враќам со пуни кеси и не само јас и моите другарки го имаат посетено и си нашле убави работи :lol:
     
  19. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    ги имам премногу :D
     
  20. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    имам само накит од мајками, друго ништо, гардероба нешто фрлила, нешто дала на тетками, имаше многу убави ташни но јас се играв како мала со нив и ги направив лом :tmi: така да и тие завшија во канта :@ :@