Има неколку работи во мојот плакар, но и тоа што го нема јас си го носам. Си мењавам алишта со мајка ми
Имам едни панталони со цветен дезен, такви широки лелеави, ептен си ги сакам. Мама уствари сакаше да ги џитне, ама кога ги видов на прв поглед се вљубив у истите.
Мајками ретко ми дава нејзини алишта од порано.Бидејќи не ми чинат ја сакам да ги изменам малце али не ме остава ми вика модата се враќа ќе дојде време и ова ќе го носиш....А многу ми е мака за еден фустан долг тесен тегет боја кој можев да го скаратам и да го износам ама го забаталила негде и никако неможам да го најдам,ништо чудно и фрлен да е
Јас сум побогата за цели три кошули од мама и ташна од баба и не можам да им се изнарадувам. Само едната кошула ќе си ја преправам во рамениците пошто побогу потпунки не мислам да носам.
Немам облека од мајка ми насладено, не сум ни прокопала треба да разгледам ама затоа целиот накит од мајка ми и од тетка ми си го земав за мене. Е ако де, братучетка ми и така не го сака.А иначе накитот е сон, стварно има многу добри парчиња на кој човек може да ми позавиди. Исто така и чанти имам наследоно од баба ми од страна на мајка ми.Едната е црна, класична. Другата е кремаста ала Биркин ташна модел ама малку е излижана од страните и пожолтена од времето па не ја носам.А многу е убава.Криво ми е стварно. Имам уште една плик ташна, таа ми е од мајка ми наследена, лакована е порано ја утепував од носење, сега малку поретко. И уште две ташни кожени и двете се кафени, само што едната е голема и се носи преку рамо како поштарска е некако моделот, а другата е малечка се закопчува со едно интересно дрвено копче и има некакви мотиви изрезбано од предната страна. Од другата баба од страна на татко ми, имам наследено еден многу убав сламен шешир, така ептен ми е дамски, малку е оштетен од шо како мала си играв со него(лудо дете! ) ама не се многу познава и килибарен накит. А сега ме настрвивте феминки, утре ќе прокопам, белки ќе си најдам нешто по моја мерка.
Имам преубави работи од мајка ми. Преубави кошули,фустани,штикли. Имала многу префинет вкус. Некои од нив треба да се прилагодат на моето тело за да можам да си ги носам,ама во секој случај ептен ми прават мерак. Освен овие фини работи, купувала и глупости крзна,бунди,лисици од кои искрено се грозам. И гледам само да ги џитнам негде. Најомилен дел од работите ми е накитот. Има неверојатни филиграни и сребрени работи што ми е страв да ги допрам за да не се оштетат некако. Има и едно чудо златен накит, што го обожавала,ама ете јас не сум му баш наклонета. Тешко веројатно дека ќе го носам некогаш.
Се наоѓат по нешто,имам убави блузички и кошули.Ама никогаш не сум ги облекла,а и немам храброст да ги облечам.Незнам мислам дека ако ги облечам,сите ќе ми се смеат.Исто така имам и една прекрасна нејзина сукња,но никогаш не би ја облекала,а многу ми се допаѓа.Незнам можеби ќе е облечам некогаш,ништо не се знае Исто така сум имала и многу накит,ама од невнимание како мала трап бап...и сите ланчиња сум ги искинала,имам само едно бисерно така што е поздраво хахахаа Имам прекрасни ушници,се надевам дека ќе ги ставам некогаш на мене,зошто ми се прекраси
Јас имам долга плисирана сукња од мајка ми. Она ја носела во нејзините факултетски денови, и сега 20 години подоцна ја носам јас исто во моите факултетски денови Штета што јас сум послаба и повеќето работи не ми се точни
Какви се’ не прекрасни сукњи имам, кошулки и ташни. Ташни дури и од баба ми собирам, некои пликови што ги има, прекрасни, не ми се ни носат од што се вредни и добро сочувани. Кожни, вистинска кожа, имам едно 5,6 такви плик ташни, кои со мерак ги носам бидејки знам дека уникатни се, сочувани 30-40 години. Плисирани сукњи имаше колку сакаш, само што пола се испофрлани и исподавани на братучетки и сестри и роднини, па на мене останаа само две. Ама пак, задоволна сум многу, модата колку што гледам ептен се врати наназад, многу ретро се носи.
Имам доста работи присвоено од мама,маички обични за кежуал комбинации во тони,најмногу имам марами зашто има многу што ги гледам по продавнициве наши
Се што мама купува јас носам, се што јас ќе купам и мама носи и така си се надополнуваме со облеката Млада е мојата мама, уште е модерна
Неколку кошули, една сукња, 2-3 ташни.. Мама си била буцкаста на времето (и сега), а јас сум средна накај слаба па не ми одговараат баш.