Имам од нејзе многу убави работи, ама треба да барам во пакети, коа ке почне да ми кажува што се има во тие пакети ми иде да пукнам . Иста сум како нејзе слаба па се ми одговара
Денес си најдов 3 кошули, бела, лилакова, и сива. Сивата е како за сега а останатите се позимни. Ама многу се убави едвај чекам да ги облечам.
Чантите и обувките од мама ми се омилении .. хаха ... облеката не ни е ист број , а има работи шо би сакала да си ги присвојам и прилагодам по мене ... кркр ... но нека е и нејзе добро и прилегаат =)
Имам многу работи од мајка ми,пошто и таа на времето била слаба како мене,па се ми е точно. Имам фустанчиња,сукњи,маички,но најмногу марами...ги имам во сите бои
Имам и од мама и од тато . Од мама имам полно работи, и зимски и летни, и секојдневни и посвечени - марами, кошули, фустанчиња, чанти, блузи, елеци, џемперчиња, кратки пантолони, сукњи, палта, ракавици, шалови, накит. Нешто ми е точно, нешто е преправено и многу често ги носам, и јас и сестра ми. Чевли имаме неколку пара, ама ги носи сестра ми, мене ми се мали. Исто имам и од тато - неколку кошули, зимска блуза и бели пантолони. Пантолоните беа долги, ама јас ги скратив до колена и ги изнаносив. Некои од кошулите ги носам за излегување, една за дома, а блузата за дома бидејќи ми е долга и широка, па ми доаѓа како туника . Ништо не е типично машка грдероба, па не се ни познава дека не се лично мои . Се е толку добро сочувано, па и после толку години и по многу носење - и од нив и од нас, ни бојата им е избледена, ни нешто се скинало, нити пак се излитило, доказ дека тогаш биле поквалитетни алиштата .
Јас неодамна најдов еден стар пакет полн со облека од мама. Најмногу си собрав кошули и џемперчиња кои се одлично сочувани. Имам и неколку сукњи кои тетка ми ми ги преправи, т.е. ги скати, бидејќи беа под колена. Криво ми е за фустанчињата од мама, имала прекрасни фустанчиња и ми се плаче кога ги гледам на слики. Ама дел од тоа баба ми дала по роднини, а дел фрлила. И криво ми е за чевлите на мама, тие ни стојат дома и некои пара се добро сочувани, ама не носиме ист број. И јас и сестра ми носиме поголем број од мама, па тие само така си ги чуваме.
Кај мене работава е парчиња од мене кај мама во плакар Каде и да оди, прво кај мене отвара во плакар и ми зима ствари, си комбинира и после фино лепо ке си ги стави кај нејзе а јас ке се убијам од барање кај ми се
Летово си најдов две ретро кошулки од мајка ми, со убави јакички, малку ги модифицирав и си ги носев.
Да сум носела од мајка ми добро сочувани парчиња што модата пак им се вратила знам дека имав пред неколку години едно капутче кафено до колена мислиш дека само што е извадено од продавница ете така тоа беше подобро сачувано го убив од носење,накит,каиши имав еден фустан со чипка и тој си го носев и чанта една кожна и таа си ја изнаносев
Па кој кеф ми е кога ке најдам нешто, еден кремаст мантил, кошула темно зелена, сукњи имам многу модифицирано радост најголема еве сега најдов една бела кошула со убава јака многу е убав материјалот (ама се двоумам ) сакам јаката да ја украсам со нешто или некој црн материјал да и ставам , а и треба да ја стеснам еве ја што мислите ке ја биде или не ,би ја носеле ли ?
Јас со мајка ми си менувам облека,така да си носам понекогаш нејзини џемперчиња,јакни и сега планирам и едни панталони да и земам. Бидејќи јас сум послаба,на мајстор на теснење и готово.
Како што се враќа модата добро е да се промеша во плакарот на мама . Од се што сум зела од нејзе, едно црно сукњиче најмногу ми послужи
Има.. Секогаш си пронаоѓам нешто кај нејзе што би можела да си го искористам за шик комбинација Мама ми е модерна, нема што Исто, знаеме да си купиме некое парче што го носиме и двете односно ни е заедничко Сакам да делам, а бидејќи немам сестра тука е мамичка
Од мама го имам само нејзиниот фустан за матура и друго ништо, али затоа од баба, да ти штукне памет какви работи најубавото плико на цел свет и најубавиот накит, па и фустани кои кога ќе ги преправам самата или ќе ги однесам на шнајдерка се како нови за жал скоро све испофрлиле, и кога ќе кажат сега „ех имав вакво на времето“ ми иде да се убијам
Мајка ми има купувано многу работи за неа кога ќе ослабнала И останале така за forever, необлечени. И си ги присвоив јас сите тие Исто така си собирам и нешто нејзино што си носи, ама поретко тоа