Еее со СЕТ кеиф "копам" по гардероберите на мама и баба и си наоѓам по нешто занимливо Имам екстра мантилче во онаа портокалово-керамида боја Плетени блузички,сукничиња,шалови од овие големите за врз палто,некоја чевла уз пат Имам бизутерија баш во овие трендовскиве бои-темно зелена,окер,некои брошеви ииии не знам вака друго...додека не најдам нешто новКо
Јас најдов една блузичка убава, квалитетна, ама мајка ми е малку пониска од мене а блузичката е таман ко за нејзе (мене малку ми е куса). Баш ми е криво. Друго, имаше еден многу убав џемпер, ама го износев порано сега не е во функција. Другото е изнафрлано. Баш ми е криво.
неодамна во плакарот од едната баба најдов 2 џемперчиња баш за на времево. кај другата баба се опремив со неколку марами, чантиче интересно и цветно кошулче. од тетка ми зедов еден џемпер плетен ка шо иам видено почесто се носат сега такви. а од мајка ми речиси ништо, имаме различен вкус.
Ехеее, да се живи и здрави и мајка ми, и баба ми и тетка ми Гардероберот ми е преполн од нивни ствари. Од здолништа, долги, до колена, шарени, еднобојни, преку фустани, туники, панталони со висок струк, џемпери, марами, шалови, кожни препрекрасни ташни...Единствено не носам обувки, со мајка ми носиме ист број но таа носела штикли..јас не сум по штиклите Носам само едни кафеави прекрасни рамни чизми, таа ги утепала о0д носење, јас ги носам веќе 3-4 години, сестра ми ги носи, и се` уште немаат гајле, ни да пропуштат, ни да се излупат, ништо. Тоа ти е квалитет. И ден денес кога одам дома, кај баба ми или кај тетка ми се пронаоѓам како им копам по плакари, тоа ми е омилената занимација и посреќна сум таму кога ќе најдам нешто неголи кога ќе си купам нешто ново
Јас парчиња од гардероберот на мајка ми за жал немам, таа се што повеќе не сакала да носи им го давала на блиски роднини и пријателки. Нејзина грешка, моја лекција. Јас секое парче облека кое вреди да се зачува ќе го чувам ако не за своите, за децата на сестра ми. Затоа пак од баба ми успеав да искористам нешто. Најголемиот дел од гардеробата ја има шиено и е уникатна, што многу ми се допаѓа. Сега скоро најдов една блуза во пеплум крој, бидејќи јас имам широки раменици ќе треба да ги извадам само потпунките што таа ги имала ставено и ќе можам да си ја носам. Имам земено неколку плик чанти добро сочувани, здравје можеби ќе успеам да ископам уште нешто. Треба само да одам да ја посетам.
Имам неколку,кошулки,фустани...Исто и од баба ми имам Што да правам кога се толку убави Шала на страна мислам дека сите имаме по некое парче од мајка,баба,тетка.Има многу работи кои денес се враќаат во мода,за мене незнам бидејки ја сбаш и не следам трендови.Мислам дека стилот е тој што останува Секогаш се наоѓа некое уникатно парче кое никој го нема освен тебе
Имам едно кремасто блузонче од мама и го носам понекогаш , кремаста кошула , едно шалце шарено ......
Конкретно од мама не, ама од баба ооооо и те како да . Со мајка ми дефинитивно сме црно/бело кога се работи за стилот и облеката - никако да се уклопиме некако, така да јас никогаш не би облекла тоа она што носи а и обратно. А од кај баба ми, пола плакар го преселив кај мене дома. Најдов тон винтиџ маички и кошулки, да им се изнаноси човек. Некои ги стеснивме а некои си останаа така како што беа, абе милина! И после 20 и кусур години, квалитетот се`уште го имаат, што ми е ептен драго. Да си ми жива и здрава бабо, ептен модерна си била .
Што од мама ,што од тета ,си носам јас ,немам мака. Зошто да пропаднат толку убави и квалитетни модели кога мижам јас да ги износам? Барем знам дека нема да ми се уништат при првото перење ,кај има сега таков квалитет?
Имам еден тегет џемпер на копчиња кој си го носам по дома. Инаку, мајка ми го купила во почетокот на осумдесетите, го износила убаво, а сега јас, Муабетот ми е, џемперот е стар 30 години, а изгледа како вчера да е купен нити растегнат нити сменета боја, а и ги нема ни оние фамозни топчиња кои на денешниве џемпери и друго плетиво, се ствараат по второто перење. И така, кога го носам тој џемпер се чувствувам убаво, спокојно и како уште да го чувствувам мирисот на детството.
Имам многу работи. Бидејќи мајка ми била најмала па сите алишта од сестрите на неа и останале , се неа и давале оти другите сестри биле мажени. Имам неколку кожени ташни,каиши, кожена плетена блуза која е ептен уникатна. Имам и многу џемперчиња од Нана ми . Мхмммм. Им благодарам многу.
Имам неколку работи од мајка ми..Капутче преубаво крем боја,неколку блузи,кошулки итн.се враќа модата па ке си ги носам се додека не се искинат мн ми се драги.
Има по некој џемпер се наоѓа и 2-3 пара панталони.Слабички сме и двете( за среќа),па не збира во меѓусебните работи(посебно панталоните ).