1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пасивна куќа

Дискусија во 'Дом' започната од Marcesa, 22 мај 2015.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Квалитетни системи кои се употребуваат за овие нешта кај нас се REHAU, можеби на нивниот сајт има нешто околу ова, јас располагам само со каталози и проспекти земени од саемот на градежништво и семинари.

    Скапо е, бара голема умешност и дополнителни истражувања.
    Па затоа и на прсти се бројат ваквите објекти тука, но сепак земаа голем замав, мора да се признае.

    Инаку, се отвараат прозори и врати, барем во тоа сум сигурна, ама најверојатно се работи за варијации на системот, не знам.
    Кога ќе имам повеќе време ќе се обратам кај мојот стручњак по дома, па ќе споделам повеќе информации. :)
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Смееш да отвориш и врата и прозорец, но само краткотрајно.

    Секое подолго отварање предизвикува промена на температурата и нејзино симнување/качување и со тоа целиот систем мора да се активира за да лади или загрева.

    Отварањето врата и прозорец беше во смисол да излуфтираш а не брзо влези-излези.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    А тоа да, знам како функционура системот; инаку ептен би било нехумано, како да си во херметички затворен сад. :lol:

    Не знам, јас останав фасцинирана тогаш кога прв пат видов вакво нешто, иако бев мала и пола од работите не ги ни разбирав, реално. :)
    Сега кога полека осознавам повеќе околу ова, продолжувам да се фасцинирам до каде оди човештвото. Всушност, на каде се враќа, поточно. Како да користиме модернизирани верзии на "системите" кои ги имале нашите предци милијарди и илјадници години наназад, а повеќе од очигледно е дека во иднина, во екот на ограничувањата и цената на чинење на конвенционалната, само повеќе ќе се навраќаме кон алтернативните извори на енергија.
     
    На Marcesa, XMaN и danichap им се допаѓа ова.
  4. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    И јас баш се заинтересирав, многу занимливо ми звучи и не се сомневам во предностите кои ги имаат овие куќи. Сигурно тоа што се прави е за поудобен и поздрав живот. Сигурно никој не би сакал да плати повеќе а тоа да биде на некоја штета. И пред да се одлучам за купување стан ќе истражувам уште малку зошто за некои работи вреди да платиш и повеќе. Инаку во процесот на моите истражувања и ова го сретнав, па може и тука да прочитате http://issuu.com/civkonagi/docs/katalog_vodnjanka
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Го разгледав каталогот. Колку што сватив фирмата нуди комплетен производ со инсталиран систем, прозорци, врати...не само градбата.

    Баш ме заинтересираа цените на еден ваков комплетен производ.
     
  6. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некаде прочитав дека се околу 250-300Е повисоки од нормалната цена по м2. Ќе се обидам да го најдам линкот и ќе ви го постирам. Од истата компанија беше, Цивкон АГИ само не се сеќавам каде прочитав.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    Ме примрзе да ве читам сите пошто има доста верглање на тема а никој ништо не кажува...
    За пасивна куќа трошите 10-15W на м2 за греење или ладење, нема специјална техника или кујзнае која квантна физика.
     
  8. Marcesa

    Marcesa Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Во ова видео на 29.40мин кажува за цената... очекував многу голема
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Вечерва се видовме со архитектот/инжињерот кој има малку повеќе познавања на оваа тема па го потпрашав и лично малку повеќе на оваа тема.
    Горе доле го потврди принципот на функционирање на пасив куќите, навлегувајќи во многу технички детали плус.

    Неговиот субјективен став беше дека никогаш за себе не би изградил.
    Дека естетски, односно на изглед се едни од најгрдите куќи баш поради зачувување на принципот на пасивност и следење на некои норми за градење, второ дека поради неотварање прозорец, само она влези излези на брзаница, би му внесувало сосема поинаква атмосфера во домот која е спротивно од се што за него преставува еден дом и другиот вид на топлина која ја носи. Едноставно дека квалитетот на живот од негова перспектива ќе биде драстично намален по цена на некое евро.
    Трето, пред 15-20 години овој принцип зел голем замав во западноевропските земји, меѓу кои и германија но последниве години има далеку поефективни извори на енергија и интересот за псивните куќи и те како е намален. И тоа е со причина, односно не се толку уау како што бил првиот впечаток.

    Ние сме во план да градиме куќа, па подетално разговаравме на оваа тема и сите други опции кои последниве години се актуелизирани и придобивките од нив...ние си го задржавме(а и зацврстивме) нашиот став и после овој разговор и не сме убедени од придобивките на пасив куќата, ама тоа друга тема.

    Е сега професионалното мислење.

    Ни изнесе неколку клучни точки за успешна изведба на пасив куќата.
    Првен човек треба да ја прифати идејата дека ќе живее во таков вид објект и да нема проблем со тоа. Второ внимателно да се избере локација и да се гради накај југ.
    Трето, воопшто да не се шпара на целокупниот систем и негово имплементирање од страна на професионални лица.
    Четврто, избор на компетентна градежна фирма која без никаква грешка ќе ја спроведе изградбата на таа куќа.
    И спомена неопходно чистење на цевки и одржуавње на тој систем во просек на секои 5 години,

    За исплатливоста секој да си искалкулира за себе.
     
    На XMaN и okcenzi им се допаѓа ова.