Ne e malce. Zavisi kolku ke vlozis. Pisi orocen depozit na google treba da ti dae kalkulator od bankive.
Прво од безбедносни причини поголема сума не се чува дома. Може да ти упадне некој дома, и аашшш, отидоа парите.
Сега ги гледам каматните стапки на НЛБ, 7 различни видови депозити имаат, но како што успеав да сфатам, единствено исплатливо за орочување е доколку станува збор за над 200.000 мкд, за период над 25 месеци.
Хахахах. Сериозно, има секакви ситуации, некогаш може и домашен некој да ти украде пари и ништо. Само ќе се јадеш после. Инаку, можеш да си видиш камати, што ти одговара, денари, евра, за штедење, а на денари каматата е секако поголема и секогаш било така. На 10.000 евра, зависи на колку ќе ги орочиш, ќе имаш нешто ситно да се почестиш на годишно ниво. Да имаме сите големи суми, како што пишаа погоре, 100.000 евра, немаме гајле, ќе вадиме камати. Инаку, имам орочено на 3 месеци. Ама секој денар плус во банка, во иднина мене ќе ми носи повеќе.
И колку имаш на ова ќар. Вака лаички ќе го поставам прашањево, нели со тек на времето парите ја губат вредноста и оваа камата не е ништо само на некој начин одржување? Всушност испаѓа како да ти ги чуваат само парите на безбедно.
Амм да соработуваш со лихвар, да работи со твојте пари ќе ти ги умножи за година дена и ваљда ќе можеш да искористиш за зло-час некој денар.
Промотивен период до 31.12 Искрено, да имав 200к, ќе ги орочев, 16 - 16, кој ти ги дава ако ти стојат така рандом.
Зошто прво нешто што ми падна на памет кога ја прочитав темава беше... да имам кафемат кај што се ставаат парички.
Чист ќеш Мене на таа тема ми доаѓа да си отворам сопствена црква. Не дека не ја има некој веќе искористено идејава како решение за брзи пари, ама ете. Сега за сега рентам куќа на семејни луѓе и добро оди вака. Во иднина би да вложам во мало станче или гарсоњера за рента за студенти во крајни год. на студии или специјалисти додека се на стажирање.
Вреди за луѓе што имаат поголеми суми. Ама големи суми имаат лицата што работеле во странство и тоа подолго. Нив таа опција ќе им биде ок.
Така е. Не само што ќе бидат парите на лик исти, туку и вредноста ќе им се намали. Ова го зборам без разлика дали се под перница или на сметка у банка.
Пасивни приходи, драпање муда за сиромаси. За да ви работат пасивните добро, треба активните да ви работат турбо добро. Патем еден стан/два стана па и пет стана не се пасивни приходи, дупка за пари се. Годишно поврат од стан, барем во Македонија имате некои 4-5% плус нешто ситно во тоа што одат цените на квадратот нагоре. Повеќето станови не се исплатат како инвестиција, освен ако не возите долги трки на 30-40 години. Индексни фондови и приоритизирање на активниот приход, тоа му е мајката, ако сте неписмени финансиски. Кој знае, си игра на берза, па кој колку е паметен толку ќе си одигра.
Така е. И ти си у право. Обично овие рака под рака идат двете. Ако го научиш активното, ќе го сфатиш и пасивното. Од плата минимална да одвојуваш, не викам нема да имаш поврат, али нема од тоа да редиш кули од пари. Едино ако имаш некој до тебе со години што е инвестор, што стварно се разбира, па така. Али вака со пари, треба да е прво тоа добро научено, исчепкано, зачешлано, еден куп пати да е пребарувано, да се интересираш, да имаш воља и надеж дека ќе успее, па после да вложиш. За пари не е проблем, можеш и од кредит да ги земеш, па да имаш поврат. Али за да парите родат пари, треба да си многу заинтересиран и желен да учиш.
Во право сте погоре. За да имаш стан кој ќе го издаваш, треба да скапеш од работа, дури да го печалиш, ајде и нека ти е и наследен од родителите, тој стан бара плаќање на комуналии секој месец, макар и симболични, ако не седиш, ако еве немаш најдено потстанари, данок на имот треба да си платиш, што си зависи каде е, каков е станот, тој реално ти троши, со тек на време може ќе бара некоја инвестиција. Треба многу знаење, многу учење постојано за да се одржуваш на некое стабилно ниво, да имаш редовни, па и пасивни приходи. И да ти се посреќи. Инаку, сетете се колку луѓе познавате кои од имотни, паднале ниско, им пропаднал бизнис, од газди станале работници итн, значи нема ништо лесно.
Ко што кажа ти им се посреќило. Дали имале поише пари у одреден период од животот, почетен капитал имале и ете бизнисче. Но лесно е да го отвориш со пари, потешко е да му бидеш добар газда. Има еден куп видеа што ми упаѓаат на јутјуб, за победници од лотарија, после неколку години губат сè, до денар ко шо се вика. Си има равенка и за стекнување, и за чување, и за инвестирање. Само мал дел е среќа. Највеќе силна воља, а другото колку ти фаќа кликерот. Само од правење ништо по цел ден тешко до пари. И за пасивен приход да ти стига, треба да е мислено.
За правење ништо по цел ден, ич да не правиме муабет. Ќе немаш сметката за телефон да ја платиш, не па друго. Гледав и јас некои на јутјуб, и кажуваа дека за да стекнат, да купат имот без кредит, работеле по 14 часа на ден, не некаде далеку, ете во Хрватска е примерот, да купат куќа со плац на село, работеле по 14 часа на ден и велат, тој што не работи ништо, нема претстава колку труд треба да се вложи. А за пасивни приходи, еве да се заработи од фотки, како што пишаа погоре, може ќе треба со години да фотографира, не да закачи 200, може 2.000 фотографии ќе треба, па дури потоа да им капе по некој долар од тој труд.