А за стан еве кирија месечно 300 евра да зимаш, сметки за струја и вода нели кираџиите плаќаат, трошок ти останува само данок на имот ли, колку иде отприлика тоа годишно, мислам пак има профит
Правиш фонтана од камен, пишуваш на плоча изгравирано замисли желба и фрли паричка за да ти се оствари, колку поголема сума толку поголема можност за исполнување на желбата, правиш реклама по социјалава на мрежите, ќе се налепат разни Славици, Дафинки, Стојни кои веруваат во вакви глупости и само си чекаш после да се полни азното
Ајде рил лајф математика, ќе го оставиме данокот на имот, не е многу. 20,000 кирија од кои 2000 одат директно кај државата. Да претпоставиме дека станот е 50 квадрати, со просечна цена купен од 1800/м2. 90,000 евра за станот плус еве да речеме 10,000 за другата опрема. 100,000 евра. Ти од кирија годишно имаш поврат 3,600, еве од апрецијација на имотот да имаш уште некои 50 евра по квадрат, 2500 евра. Значи поврат од некои 7 илјади евра годишно. 7% годишно се прават многу полесно со многу помалку маки, настрана индексни фондови, кај нас и дивидендните акции даваат од 8 до 10%. Еве минатава година, пак ќе тупам со Комерцијална, купив на 11 и кусур, скоро 12, ама дивидендата ми беше 900 денари, 810 со данок, настрана тоа што акцијата се зголеми двојно. Мене вложените пари ми се моментално 110%+, тоа е поврат со стан што ќе ви требаат 15 години да го направите. Јас сега можам да продадам се од Комерцијална и да се прешалтам во Алкалоид, или каде и да сакам. Ме голицаат и западните пазари, ама не сум фан на инвестирање преку апликации, барем не овие приватна фирма апликациите.
Во Делчево, Каменица, Кочани и други мали места, кириите се далеку пониски и плус луѓето имаат проблем да најдат потстанари. Станот може стои празен, не трошиш внатре, не седиш, ама пак некои паушални сметки ќе мораш да платиш. Давачки имаш секако.
Ама сега Комерцијална е 400 евра, да почне некој сега да купува од Комерцијална и да има ќар треба да купи околу 10 000 евра, вака-така пак ќе му е како волот за сламата.
значи од муабетиве, да баталиме пасивни приходи, не се исплаќа. Подобро заштедените пари да се потрошат на скијање на Алпите
Според ова испаѓа ако инвестирам 10.000 евра ќе добијам дивиденда околу 20.000 денари, а сигурно има плус трошоци освен данок, пр. нз дали смее и може сам да тргуваш или мора преку брокер, па ќе треба и тоа да се плати, кујзне какви се цените
Еве ви еден тип од мене не е финансиски совет секој си оди на свој ризик, доколку нешто зафркне не преземам одговорност. Земете 500 евра и купете криптовалута рендер на бинансе. Чекајте го докај 30 март. Моментална цена 7 долари Очекувана цена до 31 јануари 20-24 долари Очекувана цена до 31 март 50+ долари песимистички гледано јас лично над 100 го чекам.
Никој не вели дека нема, јас велам дека е мал и дека се движи генерално под 4-5%. Данок на приход плаќа закупо-давецот, односно ти, тоа е 10%, данок на имот е мал, дури не го ни сметам затоа што е неколку илјади денари годишно. Ама ти ако врзеш 70,000 евра, со 5% годишен чист поврат тоа ти се 3500 евра годишно, што е кирија од 330 евра+комуналии. А каде ти се трошоци за одржување на опремата, затоа што ретко кој станар се нафаќа да си носи свои работи, или во тој случај ќе мораш да намалиш кирија до 300 или 280. Моментално акцијата на Комерцијална е 24,000 денари односно некои 25 акции за 10,000 илјади евра, годинава беше многу добра за Комерцијална, и имај во предвид дека минатата година 900 денари дивиденда беше исплатена на акција која вредеше 12,500 во месецот пред исплата на дивидендите. Односно дивидендата беше некои 7.5% од вредноста на акцијата. Годинава очекувам барем 1200 ако не и повеќе затоа што имаа многу добри зделки и профитот им е рекорден. И пак да дивидендата не е многу, некои 500 евра преку сила, ама не се инвестира за дивиденда, туку за да не ти фаќаат прашина парите и да ти добиваат на вредност. Еве личен пример, пак ќе спомнам, моите имаат купено на 8000, 9000, 11.000, 12.000 и 18.000. Дури и акциите купени на 18.000 до денес имаат апрецијација од 6000 денари по акција, еве во бош термини 32 акции купени на 18.000 денари (600,000), пред некој месец, денес вредат 768,000. Што и не е малку ако имаш во предвид дека парите од стан се 70-80 илјади евра. Единствено оправдувам купување на стан со станбен кредит и тоа под услов да немате каде да живеете и да си го отплаќате полека, наместо во ќеш да се искеширате 80 илјади на рака. Затоа што паметно менаџираните пари, многу повеќе пари ќе ви донесат.
Што е со инвестициско злато? Дали се исплати? Може ли лаик да инвестира во тоа и да извади профит или се потребни напредни економски знаења?
Би се зачудиле кога би ви кажала колку луѓе сакаат да платат за слики од стопала, мислам секако останувате анонимни. I am just giving ideas dont judge me. И не не зборувам од искуство.
Ако може превод за биткоин-неписмени како мене Значи треба криптовалутата рендер (што и да е тоа) да скокне 7 до 14 пати за 4 месеци? Зошто?