Пасија наспроти стабилност

Дискусија во 'На работното место' започната од ecotte12, 31 октомври 2024.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    14.295
    И љубовта кон професијата е важна. Без љубов не бива ништо, ако го нема тој жар, џабе е. И најлошо е кога се работи нешто онака колку да се земе плата. Знам луѓе кои работеле во маркет, бутик, само затоа што им требаат пари и муабетот бил „секое утро одам на работа, нозете назад ми се враќаат“. И примерот со продавачката и менаџерот не ми се допадна. Зошто да заглавиш 10 години во маркет? Каде ќе бидеш после 10 години работа како менаџер? Друг фактор кој треба да се земе предвид, е што ти нуди работата? Какви контакти создаваш? Дали стекнуваш нови знаења? Треба да се мисли и на долг рок.
     
    На Cosmic Girl, Tam4yy, Sun&Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Од дете ја сакав медицината и ради глупи причини не успеав..Како и да е..
    Во текот на годините си открив талент за учење јазици ,на многу лесен начин без курсеви и сл научив неколку странски јазици..
    И од секогаш сакав нешто да работам во врска со тоа ,комуникација со луѓе ми е супер skils.
    И мечтаев по едно работно место едно 4/5години од други причини неможев да успеам да се вработам таму..предходно имам се работено од помошник во кујна ,шивачка,продавачка,оператор во кладилница..па сега ова.
    Сега веќе работам во Teleperformance..како Costumer service...Тука се пронаоѓам себеси во ваков вид на работа или слична..
    Секако тоа незначи дека само на таа позиција треба да останеш...сега сум Ментор...
    Како и да е она што си го зацртал во глава те влече биди упорен да стигнеш до тоа,бидејќи таму ќе напредуваш во истото...
    Секогаш велам кога работата од 8часа нема да ја осеќаш ко работа на која мораш да седиш ,туку ја осеќаш ко дел од твое секојдневие,тука ќе се покажеш најдобро и ќе напредуваш...
    Секој може да успее ,само целите кон тоа што го сакате.
     
    На Tam4yy, злоба, Sun&Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Го работам тоа што го сакам и уживам секој ден во мојата работа.
    Сум работела и нешто што само ми давало пари, ама ми било многу тешко. Можам да направам споредба со двете. Јас сум тип на човек што неможе да трпи многу нешто што не сака.
    Секогаш верував во себе, иако не секогаш имав поддршка од околината (моите да, маж ми не), ама сега кога гледам наназад сум многу горда на себе што не сум се откажала. Се водам од тоа кога сакаш, секогаш ќе најдеш начин, а кога мораш заради... е тешко да најдеш добар личен мотив, освен финанскиски кој ќе те исполнува.
    Сепак, додека не пробаш неможеш да знаеш. Не е страшно да пробуваш, да менуваш и да се бараш себе, така најдобро ќе дојдеш до одговорот.
     
    На Tam4yy и ecotte12 им се допаѓа ова.
  4. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас пак би работела и за малку пари,во почеток,како менаџер него на некоја позиција каде нема да те боли глава и ќе го ставиш мозокот на пасење(не мислам дека касиерка не е стресна работа).Работата не е тоа да ме викаат менаџер само или да се фалам дека сум менаџер,него во учењето,напредувањето.Прво научи ја работата а потоа кога ќе бидеш доволно компетентен ќе бараш и поголема плата.Некако во последно време сите сакаат така право работодавецот да ти даде големи пари без да се докажеш прво дека знаеш да ја работиш работата,некако сме навикнани да бараме нешто без да вложиме труд.
     
    На Cutiepie1 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.243
    Пол:
    Машки
    Баш напротив не сме навикнати да бараме туку само ведеме глава и не газат колку шо можат. Работодавецот ќе си плати спрема тоа шо бара ако бара искусен менаџер ќе си плати колку шо вреди искусен менаџер ако сака помалку да плати ќе си земе менаџер без искуство…
    Колку пари толку музика. Умре таа
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    9.985
    Пол:
    Женски
    На темава имам да кажам 1000% првото. Ќе дадам сè од себе за да ми успее она што на мене ми е сон. Онаа стабилност што ја носи работата е само привидна и ништо повеќе. Уште па и ако е некоја работа со минимална или малку над минимална плата, онда би се викало преживување, а не "стабилност".
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.438
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека ако го работиш тоа што го сакаш, ниеден ден нема да бидеш на работа.

    Thanks God, we are there...Good night world. :D
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Тоа зборам и јас работодавецот ќе плати менаџер колку вреди ама проблемот е што многу луѓе посебно млади бараат големи пари мислејќи си дека вредат и дека разбираат нешто а во суштина не е така и не се трудат да се подобрат кога некој ќе и каже дека не работат како што треба.Туку мислењето и се сведува на "што разбираш ти јас колку знам ".
     
  9. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.199
    Јас сум на раскрсница...Веќе 12 години работам иста работа ( што не ми е по обрзаование ) туку ми излезе на патот и пусто ради пари ја терам ете....ама не сум среќна ич.Освен што ја работам без љубов, и ми е тортура,почнува да ми биди и товар во флексибилноста со децата, обврските со нив.Седам досега само ради пари. ама во последно сум со задњи сили и секоен утро нозе ми се враќаат.Би сакала да се обидам во она што ми е од секогаш љубов ( да имам свој приватен бизнис е, а имам како за почеток простор мој за истото)....се плашам од ризик... незнам од кај да почнам....и затоа сум тука кадешто сум од страв.... не бидете како мене оти еден ден ќе ви скисни и ќе станите исфрустрирани
     
    На Cosmic Girl, eliesaab, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Чим имаш простор ич не се мисли, само треба фамилијата да те поддржи со чување деца, плаќање сметки, правење ручек.
     
    На eliesaab и DoubleK им се допаѓа ова.
  11. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.199
    Максимално имам помош.Кај мене е проблемот во self-doubt, а ресурсите ги имам...
     
    На Cosmic Girl, tina2018 и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Машки
    Зависи што ти е пасија. Некои пасии можат да се претворат во доходовна работа, зависи колку си подготвен на макотрпен пат, ризици, откажувања, борба, пожртвување. Има луѓе кои се подготвени на такво нешто и луѓе кои не се. Еве на пример мене ми одат јазици, ама кога требаше да се упишам на факултет одлучив да ги послушам моите и да запишам друг факултет, наместо филолошки.

    Тогаш, со филолошки тешко се наоѓаше работа и свесен бев за тоа, им се инаетев на моите, ама на крај попуштив и ги послушав. Сега, со куп странски фирми кај нас, веројатно е полесно да најдеш работа со филолошки.
     
    На Abel, bookslover, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.552
    Допаѓања:
    17.165
    Кај нас и со средно можеш да најдеш работа, како пример во контакт центар.

    Некогаш си помислувам дека џабе ни е филолошкиот, коа колегите што ги ставија на позиции беа со средно.
    Деца од 20 години земаат плата колку некој со факултет.
     
  14. PuzzleGlow

    PuzzleGlow Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    32
    sekogas go slusam srceto ali ne sum pogresila za sega
    a i fakultetot sto ke go izberam voopsto ne e perspektiven a kao sakam da go ucam(facepalm)
     
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    3.628
    Пол:
    Женски
    Секогаш, апсолутно секогаш би дала предност на пасијата наспроти тоа што е стабилно.
    Зошто? Постојат многу луѓе што стигнале многу далеку со професии што не се толку просперитетни само поради фактот што биле упорни и навистина уживале и го сакале тоа што го работат.
    Исто така постојат луѓе што одбрале професија што стабилна, но не се пронашле таму и не успеале во истата.
    Плус што тоа што е се смета за стабилно денес не мора да значи дека ќе биде стабилно утре.
    Инустријата се менува, работите и потребите се менуваат, технологијата оди напред, се појавуваат нови професии а старите изумираат а во целиот тој процес тие што се најупорни и посветени успеваат да преживеат.
    Типичен пример - муабетот со платите од 2000 евра во ИТ. И кој треба и кој не треба испозаврши академија, курс итн. Ама прашајте колку од тие се вработија, колку се задржаа на работното место и колку од нив и за колку време стигнаа до таа посакувана плата од 2000 евра.
    Да трошиш една третина од денот на нешто што не сакаш да го работиш е преголема цена.
     
    На Abel и Tam4yy им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.790
    Допаѓања:
    14.295
    Еднаш една пријателка на анкета ме праша дали би можела да бидам пратеник, одговорив дека со оглед на тоа кој се станува пратеник и не гугнуваат со години, да, би можела. Дали би прифатила ако хипотетички ми се понуди ставање на листа на пратеници или советници? Не. Ни државна работа не би прифатила. Џабе пари ако пливам во нечесни води и ако народ ме пцуе. Тоа носи стабилни пари, ама пасијата е послатка. Како дете имав 3-4 идеи за професии, едната ја работам.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Да си жива и здрава. Сега кога ИТ најмногу кубури, прашај колку од нив добија отказ без ич или со малку отпремнина, колку трпат притисоци и булинг, колку нездрава средина за работа станува, колку реално вреди 2000 евра плата (која ја добива малцинство а не мнозинство) кога се работи турбо најтурбо што може на доста често невозбудливи и неинтересни и тотално бескорисни проекти како онлајн казино и глупи игрици. Ама најбитно е да кажеш колку ти е плата. Ако тоа е единственото мерило во животот, мислам тотално промашен живот.
     
    На Tam4yy, poker_face и Polyincognito им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тема!

    Јас сакам да те прашам дали си помислила дека не мора да биде или едно или друго. Дека има низа опции измеѓу двете професии...
    Некој спомна графички дизајн ете на пр.
    Може и некоја друга работа да најдеш која ќе ти дозволи да ги користиш вештините што си ги стекнала на факултет но за работа која е креативна. Односно работата да е спој од двете.
    Внатрешното уредување е на пример многу креативна и профитабилна работа. Оние кои користат компјутерски алатки во оваа работа се уште поефикасни во уредувањето, подобро и се платени. Една моја познаничка со информатичко образование добро заработуваше со програма која служеше како алатка при планирање уредувањето на просторот и изработката на мебелот. Ја купуваа оние на кои им беше потребна - столари, инжењери, фирми за изработка мебел, архитекти итн.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Сега ја читам поракава и девојче не си свесна колку ми го разубави денот :) ова е тоа што ми требаше да го слушнам и морам да ти кажам фала <3
    Дали знаеш во која програма работела твојата познаничка?
    Каде наоѓаше клиенти? Ако сакаш можеш и во приватна порака да ми пишеш.
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    9.517
    Пол:
    Женски
    Одамна беше не знам како се викаше. Сега можеби е и застарена и може има подобри.
    Имаше поддршка и помош од нејзините кои беа во градежната индустрија, ама не знам детали кој со што точно и помогнал. Знам дека таа беше добар логичар отсекогаш. Знам и дека тоа и беше само една од работите што ја работеше низ годините. Си имаше некоја работа и за месечна плата.

    Види кој е вреден и амбициозен ќе си најде место под сонцето.
     
    На ecotte12 му/ѝ се допаѓа ова.