Пасија според Кармела(Маркос Агинис)

Дискусија во 'Книги' започната од s.t.e.f.a.n.j.a, 1 март 2012.

  1. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Пасија според Кармела е исклучителна приказна за љубовта меѓу една кубанска лекарка и аргентински економист во срцето на кубанската револуција. Со нивнот еротски однос и со нивните идеолошки сфаќања управува реалноста што тие не ја контролираат и така стануваат ликови со хомеровски размри. Невидливи богови се мешаат и ги испреплетуваат физичката привлечност и интелектуалниот восхит, храброста и стравот и неочекуваното соучесништво. Својата тешка и искрена љубов ја градат на една од најтрусните и најромантични арени на латиноамериканската историја, влегувајќи во виори што го одземаат здивот и го превртуваат светот.
    Ваши впечатоци..
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Убава книга е но не ми остави некои силни впечатоци еве она по што ке ја запамтам
    Љубовта на аргетинците не е иста како љубовта на кубанците, поинаква е, понападна е, побурна, понапната!
    Ова е неверојатна љубовна приказна сместена во времето на познатата Кубанска Револуција која била составен дел во животот на Куба и Хавана, но и на Кармела, ќерката на адвокатот Емилио Васконселос.
    Таа многу тешко го поднесува неверството на сопругот Мелчор, осаменоста на која многу често била изложена за време на нивниот брак како и губењето на детето.
    Решава тоа да го искористи како причина поради која ќе оди да се одмори и да си ги среди чувствата.
    Она што е вистина е дека таа доста храбро им се придружува на бунтовниците кои се дигнале против режимот на дотогашниот Претседател Батиста, а сè друго е само изговор пред родителите и пријателите за да може непречено да започне со обуката во Сиера Маестра.
    Еден краток момент Кармела се прашува дали всушност не ја направила најголемата грешка во нејзиниот живот, сега кога има само уште два испита до дипломирањето на Медицинскиот Факултет, сега кога веќе ја почнала и специјализацијата по неврохирургија? Дали поради предизвикот и тоа што неврохирургијата е област во која имало многу малку жени ја избира и бунтовничката војска или тоа е само чувството на обврска што го имала кон нив а и кон брат ѝ, Лукас, кој веднаш по нејзината свадба им се приклучил на бунтовниците.
    Но најмногу преовладувала омразата на недостигот на слобода, прогонувањето на противниците и буржоаските предрасуди - бидејќи таа потекнувала од едно такво семејство. Поради тоа ја напушта удобноста на својата класа, и им се придружува на легијата на ослободители на досегашниот режим - како што се нарекувале... за подоцна, како што најчесто се случува, да паднат под уште по силна диктатура, диктатурата на Фидел Кастро, лидерот на големата промена кој сакал да ја претвори Куба во претходница на континенталната демократија!!! Дали ќе успее?
    Нејзината задача е да биде еден вид хроничар на револуцијата, ќе треба да запишува сè што се случува.
    Таму го запознава Игнасио, аргентински економист, но и активист на Аргентинската Комунистичка Партија, кој ѝ се приклучил на револуцијата по инсистирање на Че Гевара, чие дејствување всушност го предизвикало интересот на Че. Тој се вљубува во неа, а и таа се вљубува во него и започнува најголемата љубовна приказна во времето на Кубанската Револуција помеѓу нив, но тоа ви го оставам самите да го откриете.
    Приказна која нема да ве остави рамнодушни како со аргументите кои детално ја опишуваат познатата Кубанска Револуција и периодот по неа, но и со неверојатната љубовна приказна на двајцата активисти!