Прееска успеав онлајн да одберам термин (за 16.0. Ми понуди слободен термин, ама кога се обидов да го потврдам ништо не реагираше. По кратко добив меил за понуден термин, малку е нејасен, понуден, а не и закажан. Но сега кога проверувам резервација, се е во ред.
Ние го извадивме лани некаде септември мислам во вториот бран, па можеш да замислиш колку ми се смееја
Големава има, во април лани изваден, продолжен. На најјакото кога беше. А на малиов, дете од сред пандемија, со затворени граници... остана. На почеток на јули закажав, па ќе видиме.
јас пукнав во државава!! Реков има прва да излезам чим отворат границите. И така би. Бебе мораше да се стори со пасош големата женска има пасош месец дена пред коронава да фати. Баш пред аферата со пасоши што беше. Што среќна бев што го фативме последниот воз тогаш и оп, нема шетање
Хаха јас го извадив лани Април месец, кога цел свет беше со затворени граници, кога појдовме да се слика само ние бевме, башка тогаш нешто не даваа пасоши ама успеавме. Сега сме си рааат, додуша за една година е и бааајги искористен.
По брза или редовна за 10 дена? Јас се надевам по редовна да бидат ама сакам да резервирам за на одмор 2 недели од сликање. Имавме за на 25ти закажано, сега рекоа од 28ми да одиме, тој хаос не ми е за верување
Не знам како е сега ама обично се готови и пред 10 дена, само треба да се праша таму . На малата моја за 4 дена и беше готов.
И мене ми се случи истото имав закажано за на 24 ти за сликање, сега ми рекоа на 28ми да ги носам децава, одмор имаме резервирано од 2 август валјда ќе ги земеме пасошите во рок од 2 недели.
Пак објавија дека ќе имаат некој застој во системот па сите закажани се презакажани, а новите термини уште понатаму. Вие што сте кнап со време видете си за брза постапка https://www.slobodenpecat.mk/sistemot-za-lichni-dokumenti-nema-da-bide-vo-funkczija-nekolku-dena/
Добри сте вие, јас на 12 јули сакав да резервирам па се мислам за 15ти. Знае ли некој дали може на термин за редовна да се плати за итна?
Мислам може. Кога ќе дојдете таму ве прашуваат по каква постапка да биде направен, а си заокружувате и на формуларот што го пополнувате. Сега кога закажував по телефон, не ме ни прашаа по каква постапка да биде изработен, што значи таму на лице место ќе си кажам.
Тоа можеби кај вас во Бт. Тука е хаос. Биди среќен ако не те испуштиле. Инаку тие 10, се 10 работни денови, значи накај 14 фаќа.