Здраво, ми треба малку помош бидејќи прв пат вадам патен лист. Син ми е роден во Германија и сега пред да си одиме за Македонија треба да му извадиме патен лист. Термин имаме на 2ри септември во Минхен, терминот го закажавме преку е-маил па ни кажаа кои документи треба да ги донесеме. Сакам да прашам дали е потребно лично присуство на детето? Станува збор за дете кое само што наполни годинка пред некој ден. Ни го пуштија и овој образец за да го пополниме Е сега се бара матичен број а детето нема мк извод така да нема матичен број, има само германски извод. Може ли некој да помогне? Благодарам однапред <3
Детето не мора да е присутно само двата родители и слика од детето секако,имате Македонско државјанство вадено за детето така? Тогаш можете и извод да извадите. Најдобро јавете се телефонски и разберете се пред да отидете, дали ќе ви напраат и без матичен.
I nie vadivme paten list vo Minhen,mora da e prisutno i deteto, zemajte si tocno pari kolku e i patniot list da ne ve pratat da ne lutate za da rasitnete pari ne primaat centi Na nas ne ni pratija takov obrazec, stom nema maticen broj ne go potpolnuvi toa.
За вадење пасош за дете, дали изводот на родени може да е фотокопија и дали треба да е заверена на нотар ? За колку време од поднесувањето ги издаваат пасошите ?
Можи фотокопија, нема потреба од заверување на нотар. Нас за 2 недели ми рекоа, појдовме за 3 и беа готови.
Treba polnomostvo da se vadi za preku granica za dete 15 god? Na Blace ne mi baraat, ne znam za Turcija?
Здраво женски, дали некоја брзо има вадено пасош за новороденче, ако знае да ми каже дали може само едниот родител да присуствува при сликањето или задолжително е двајцата?
Колку време важи пасош за дете од 1.5 години? Мислам дека некаде имав прочитано дека нивните на помалку време се издаваат, ама не се сеќавам точно како беше...
Бидејќи темата е ,,пасош за дете,, а не е ,,македонски пасош за дете,, ќе прашам тука. Ќе се породам тука во Германија за 2 месеци и сакам на малата бг пасош да и вадам. Ако некоја има искуство со вадење прв бг пасош на новороденче преку амбасада да ми пише
Има ли некоја искуство со поминување граница без сопругот? Да вадиме ли одобрение од него или нема потреба? Некако не ми е јасен законот, не треба ама може и да побараат
Да , јас. Бевме во полиција, за полномошно. Но, ми рекоа дека на родител не издаваат и да си носам само извод во мене во случај некој да бара. Ние сме со полу-различно презиме и различна адреса. Не ми бараа ништо.