Дали е вистина дека првиот пасош за бебе трае додека да наполни бебето 2 години без разлика кога е направен. Пример ако на дете од година и пол сега му се изваде пасош ќе му важи само пола година?
Ne razbrale sigurno. Vaznosta odi spored vozrasta prvo e 2 god, posle ne znma od koga bese ke pocne da im vazi 5 i na kraj 10. Spored toa i onaa taksata e razlicn suma
Абе едни блиски ме убедуваа вчера, демек некој нов закон било. Секако овој месец ќе се сликаме за пасош па со сигурност ќе знам
Такво правило нема и не верувам дека смениле закон. До 5 години мислам беше границата, им важат 2 години. Скоро го менував на синко и новиот има важност 2 години.
Баш прочитав на страната на мвр, за деца над 4 години пасошот има важност 5 години. А за ова другото не пишуваше ништо.
Сум заборавила за границата, знам горе долу толку беа, 5 години. Првиот му важеше 2 години, овој пак 2. Наредниот значи ке му важи 5 години.
До 4 години важи по 2 години пасошот, со полно 4 години важи 5 години пасошот. Важноста се смета од денот на издавање. Сега баш вадиме пасош на малата и е полни 4 години и овој пасош ќе и важи 5 години .
Другарка вчера баш го зема пасошот на детето (година и пол е детенцето), 2 години важи. Извод на родени од детето Лични карти и присуство на двајцата родители Молба/барање образец, тоа ви даваат во полиција го пополнувате И плаќате таму мислам дека 1500 или 1800 беше
Добро, може ли некогаш да се добие некој на телефон за да се закаже? Кога и да вртам, сите оператори се зафатени. Еден оператор да не имаат што не можам да ги добијам?
Јас закажав пред месец дена преку оператор. Ама треба да чекаш. Или закажи преку сајт. Ми закажаа во Сабота милина беше немаше гужва. Со добар ден госпоѓо ме пречекаа во Беко.
Wooow Од сега во Беко да одам. @0ли Најди некој друг број јави се, кажи им дека не ти креваат другите. Не е нивен контакт центарот, надворешна служба е.
Дали за зимање на пасошот е потребно да се двајцата родители исто или не? И ако бил некој деновиве има ли гужва за подигнување?