Мајки а колку брзо извадивте документи за новороденче? Мислам која е процедурата за пасош? Колкаво беше бебето кога го сликавте? Ми кажаа тешко дека ќе се слика толку мало бебе,демек тршко е да го натераш да гледа таму кај што треба,па систрмот бе ги прифаќал сите слики. Кога најмали ги скикавтр вашите бебуши?
мојата беше 9 месеци и излезе мн убава и насмеана Човекот што сликаше и тропкаше со клучеви и оваа се смееше.Јас ја држев,се на се убаво поминавме
На еден месец и ние Се расплака во првата позиција во која што ни покажа да ја држиме, ама среќа носев бело палто, па успеавме така што го ставив палтенцето на мене и ја потправ/легнав неа на мене. Од 2-3 обиди, успеа да излезе добра слика
Моиве ги легнуваа на подот, со послано бело кебенце под нив, и фотографот стоеше над нив со апаратот. На околу месец беше кај едната. Немаше проблем.
Мојава сликана на три месеци, ко возрасен. еднаш штракна со блиц, она се опули да види што е, и одма ја штракна пак, и готово. Мене повеќе ме сликаа од неа.
На што ме потсетивте првиот пасош на ќерка ми и го извадивме кога имаше 20 дена - и тука во Грција е законот таков да мора секако и двајцата родители да се присутни , ама како сум имала страв , сум ја држела будна на сила и среќа баш тој момент не спиеше свекор ми ја држеше во раце како седната , потоа фото студиото среди работа со фотошоп овој сега што го има на 7 годишна возраст и е трет пасош
Имам дилема. Прашањето ми е зашто ако на пасошот стои дата до кога му е важност, мора месец дена претходно да се извади нов? Значи тоа дека ќе ме вратат на граница, а имам валиден документ? Може некој да ми разбистри?
Ние одевме во Грција за 1ви Мај со пасош на дете кој истекуваше за помалку од три месеци и не ни направија проблем. Не знам дали за дете ваќат поинакви правила отколку за возрасен.
Исти се за сите. Зависи од царинарникот. На моите еднаш ги предупредија. Демек ај дека сте за еден ден, инау не пуштаме.
Се јавив на граница и прашав, ми кажаа дека за грција не е проблем, отидовме со страв искрено, ама не ни направија никаков проблем. Се бањкаме сега.