Вчера ја сликавме. Пасошот тек крај на април да провериме дали е готов. На прашање дали ќе не известат, не, ќе си доаѓате и ќе си проверувате.... Лични карти има, ама пасоши не. Се надевам на никој нема да му затреба итно пасош, ова веќе не е нормално.
А ако е изводот од детето е Република Македонија, дали го прифаќаат, какво е вашето искуство, или инсистираат на нов со Северна? @Цвет88
Јас пробав за регуларно ми рекоа нема шанси... другарка уплатено и сликано за итна, преку јака врска, и рекле до јуни нема да има.
До јуни?? Е нема смисла ова. Ние одиме во вторник, имаме закажано за сликање. Ќе ја сликаат или ќе не вратат?
Кажа министерот порано ќе дошле обрасците, а не на 24ти и наводно ќе засилеле со персонал за да се изработат побрзо. Ние последен воз фативме. Иако џабе. Со коронава никаде нема да одиме.
Леле ние треба да патуваме во Мај, на дете му истекува пасош во Јуни. Ќе мораме да вадиме нов, а сега со ова Коронава не ми се ни закажува да се пикаме во гужви.