Zdravo. Dali nekoj znae da mi kaze dali moze da se izvadi pasos na dete samo so prisustvo na majkata bidejki tatkoto e vo stranstvo, ili mora prisustvo na dvajca roditeli. Blagodaram
Да може, јас сум вадела пасош без присуство на таткото со тоа што прво проверуваат дали сте венчани и носиш венчаница и за ден-два те известуваат дека може да се слика детето.
Ова прв пат слушам јас кога прашав рекоа мора присутни двајцата да се ако не е тука на нотар полномошно да можам за него да потпишам...е дали ме излажале не знам
на сајтот за закажување укуцај матичен број и ќе ти каже кога е закажаноhttps://termin.mvr.gov.mk/Check_Reservation
И јас знам за полнимошно дека треба т.е за малава моја кога вадев патен лист прво бараат полномошно од маж ми, за пасош исто. @motheron2boys
Dali za vadenje na nov pasos na dete od 2 godini mora nov izvod na rodenite ili moze i so stariot izvaden pred 2 godini?
Мајки имам прашање. На керка ми и истекува пасошот во август почетокот. Сакавме за Грчка меѓутоа ми рекоа да не помислувам зошто не смее 3 месеци пред истек на пасош да одиме. Како е за Албанија? Ке не вратат и таму?Некој со слично искуство? Цело сабајле вртам да закажам за нов пасош, ништо живо не крева телефон во мвр. Ако успеам да и закажам за колку време е готов? Има ли некоја мајка што вадела пасош сега скоро (со оглед на тоа што се збори дека нема пасоши, и дека се чека по 2 месеци)?
Ние извадивме пасош за дете. Чекавме термин три недели Потоа за две недели беше готов пасошот. Зборувам за Скопје. Го земав минатата недела.
Никој жив не се јавува на телефони! Ужас! Не знам што да правам зошто слушам за Албанија дека регуларно те пуштаат ако ти е валиден пасошот, ние планираме да одиме сега на крај на месецов, значи има уште месец ипол до истек. Не ми се ризикува со мало дете да се пакувам и не дај боже да ме вратат на граница. Од друга страна не можам да закажам! Сега прочитав дека пасоши што истекуваат после 31.07 - се продолжуваат дп 31.12.2021 - ова е изјава на Бујар Османи, меѓутоа вика дека е за мк државјани во странство! Не разбирам, вртам цел ден по министерства и амбасади ништо живо не крева телефон. Кретенска држава!
Какви министерства и амбасади вртиш. Што работа ќе ти свршат тие? Еве информација за користење на пасоши: Колку месеци пред да истече пасошот може да се патува во странство? (fakulteti.mk). Инаку имаш два броја за закажување. Од фиксен: 0800 192 92 и од мобилен: 072 92 92 92. Можеш и електронски да закажеш: http://termin.mvr.gov.mk/. Ако ептенм итно ти треба пасош термини за брза постапка има во рок од неколку дена и пасошот го изработуваат за 48 саати. Тоа задоволство чини 4500 денари. регуларната постапка е 1500. Тоа со продолжување на важност е заради рестрикции во патувања заради КОВИД.
Обично тоа правило важи за со авион ама за Грција не ме чуди ништо. Термин се добива за месец најкасно, регуларно 10 дена се чека, а по брза постапка за еден ден.
Жено фала ама на телефониве вртам цел ден и или исклучува или не се јавува никој! Страната исто, не дава термин
Не е само за авион и важи секаде. Мене ме имаат вратено на бугарска граница пред 5 години од оваа причина. Денес верувам и построго е. Така да со пасош валиден не повеќе од 3 месеци посебно со дете не тргнувајте на граница. Некаде (пример уса) бараат и мин уште 6 месеци до истек. @Amelie1708 неможе да не дава страната термин. Ќе вртиш и пробуваш се до следен слободен термин. Јас бев претходната недела да го сликаме детето 2ипол год. Ни кажаа готов ќе е за една недела
Вака отворив сеа чисто да видам што се дешава на сајтот за закажување и кликнав неколку денови да видам за термин и првиот слободен ми го даде вака, ако збориме за Скопје сега во Јуни ќе имаат прекин во систем неколку дена па сите закажани се поместени па затпа најверојатно тогаш дури има термини. Ама ти пак убаво провери си
На копнена граница до сега не сум имала проблем ( ЕУ) , а за аеродром знам дека не смее. Мада како и да е на време се завршуваат тие работи околу документи и не треба да се ризикува.