И нас. Неколку пати сме и менувале пасош, пошто за малецки кратко важи пасошот, секој пат исклучиво во присуство на двајцата.
Бараат да. Еднаш се случи маж ми да е на пат јас ојдов со малата за слика за да се започне процедурата, и рекоја нема проблем ко ке дојдите да го земите пашошот тогаш да биде и таткото присутен
Вртам на бројот за да закажам пасош за малиот, никој не крева. Закажувак некој во последно време како е сега со коронава? Можам онлајн да закажам?
Јас закажав минатата недела, дури за 17 ти мај ми закажаа, во Скопје.... Ги добив за бројот од мобилен 072 92 92 92. Има опција на онлајн, ама цело време ми покажува дека нема слободен термин.
јас на бројот закажав, мобилниот. Онлајн е крш, затоа што не ги покажува само слободните термини, туку покажува се и таман ќе стасаш до крај, терминот е зафатен. Вадев и возачка и пасош за бебе, лк за мм. Секогаш добивав на тел.
@kukla21 @apple12 сестра ми сега ги доби и ми закажа ама не прашала кои документи треба да ги однесам за малиот освен знам барање дека треба.може да ми кажете која документација треба да се приложи за вадење пасош за 4год. дете? фала
https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1 Повели... И најубаво со картичка да платиш директно таму, да не чекаш по банки и шалтери.
Јас денес ѕвонев три пати, сите три пати ми се јавија. Крајот на мај, почеток на јуни термини ми нудеа.