1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пастрмајлија

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    7.399
    Значи за штипска пастрмајлија тестото е наједноставно само вода, брашно, квасец,сол и шекер па на работата секој ден гледам како се прават.Тестото се прави како тесто за леб само треба да се измесе убаво и да е на меко месено се остава 2 пати да стаса од кое вториот пат додека стасува е поделено на топчиња.Е после така стасаното тесто треба да се растегне, ама многу е важно при растегнувањето да не се утепа тестото(тоа е израз да се се изгмечи при растргањето односно да не биде како да е размесувано).За да се постигне тоа треба да се направи префрли преку дланката и да се оди со дланката лево-десно а во исто време да се расастрга тестото со мегу палецот и показалецот.Одкако ке се растргне се реди месото пилешко или свинско кое е зачинето( за свинското месо кога се пече во никој случај како зачин не се додава вагета за пилешкото може по вкус).
    Е сега печењето е мноооогу важно.Се печат на 280 степени нешто што е речиси невозможно за домашна печка оти они се со високи врати не се ниски како професионалните печки.И под претпоставка да се постигне таа температаура на термометарот при отварањето на печата бидејќи е со висока врата и е плитка значи нема длабочина моментално се ладе и се губе таа температура.А со тоа се губе и квалитетот на печење оти печење на пастрмајлија е 7 максимум 8 минути.Е сега кој сака нека проба тоа е рецептот.Само заборавив да кажам пред печење се става малку зејтин или маст врз месото околу 1 лажичка.по печење се остават пастрмајлиите да издишат околу 1 мин па се премачкуваат исто со маст или зејтин по желба.

    Инаку на штипската пастрмајлија и нема конкуренција ни велешки пити ни скопски пастрмајлии без навреда.Едншка јадев пастрмајлија во скопје од тие продавниците за бели пецива спрот главна капија на Државна болница.Чиста катастрофа исто како да ми дадеа ситно сецкано свинско со јајца ставено врз леб.Затоа ако сакате пастрмајлија штое стварно убва дојдете во Штип и пробајте во некој од рестораните оти во домашна атмосвера како што ми каза мајсторот што ги праве кај нас не се толку погагат без печка ништо не се праве
     
    На shushu, marijaml и delvi им се допаѓа ова.
  2. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки јас правам пастрмајлија многу брзо за околу половина час,се замесува 2 чаши брашно,1 чаша јогурт и 1 пециво,може и малку сол,се замесува тестото,не се кисне и се става во тавиче за печење да се исплеска со раце,и озгора ставам 2 јајца,рендан кашкавал,сечкана сланина а по желба може и ситни свински мевциња(претходно обарени и малку запржени) и се пече 15-20 минути.мммм :pizza:
     
  3. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Обожавам пастрмајлии... наша македонска пица
    Инаку мајстор сум за пастрмајлии посебно во јадење - тешка категорија :D
     
  4. lama

    lama Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj znae recept za lebce za giro.vi blagodaram.
     
  5. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Јас не ја сакам воопшто пастрамајлијата , не знам зошто , само пица си јадам :D :D
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Ох,ја обожавам.Најмногу ми се допаѓа штипската. :clap:
     
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Обожавам пастрмајлијаа, кога и да идеме во Кратово тоа јадеме таму ми е најубава , а и мажево често ми прави :)
     
  8. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    пред некој ден ја правев ја замесив со млеко кисело и одозгора ставив ситно иссечкана салама сиренце месо сушено и јајца изматени лелеееееее :inlove:
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    За една пастрамајлија е потребно 250 гр брашно
    малку сол
    половина квасец
    зејтинче и вода...
    се прави тестенце се остава да стаса...
    и Нај битното е да се печи на што е можно поголемо температура јас ги печам на 280-300 степени само 4 минути и ништо повеке.
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    12.621
    Од сите што ги имам пробано Велешката е најдобра.Нема конкуренција! ;)
     
  11. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Радовишки сомун (пастрмаjлиjа) со саздрма, мхмхмх, коj пробал-знае.. треба да отидам да си к'снам, ова веке не се трпи :)
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.324
    Допаѓања:
    316.443
    Пол:
    Женски
    Само штипска признавам :D
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Велешка пита-пастрмајлија

    Состојки
    400гр брашно
    1/2 коцка квасец
    1 лажиче сол
    1/2 лажиче шеќер
    4-5 лажици зејтин
    1/2 лажица оцет (9%)
    за замесување топла вода
    300 гр свинско месо ситно исечкано
    4 јајца
    по потреба свинска маст или маргарин

    Подготовка
    Квасецот се раствара во млака вода. Брашното и сите останати состојки се ставаат во подлабок сад и заедно со стасаниот квасец се замесуваат. По потреба се додава топла вода за да се замеси тестото ( меко). Се остава тестото да отстои околу 30-40 мин. Потоа, се размесува уште еднаш и се дели на два дела. Двете топчиња се премачкуваат со неколку капки зејтин, се прекриваат со најлонска фолија и се оставаат уште еднаш да отстојат, односно тестото да нарасне повторно. Секое топче се растегнува во пита, притоа правејќи кора од страните во вид на ѓеврек. Сечканото месо (по 150 гр зан една пита) се распоредува врз тестото. На 3-4 места се става по малку свинска маст или маргарин по избор, а особено добро да се премачка кората. Питата се пече во загреана рерна на 200 С околу 25 мин.Се вади од рерната, се става на секоја пита по 2 јајца претходно хомогено размешани.
    Повторно се враќаат во рерната да се допечат уште 5 мин. Откако ќе се допечат питите, се премачкуваат веднаш со свинска маст, се покриваат со крпа и ќесе. Се оставаат да омекнат околу 10-15 минут.
    По желба може да се додаде и ситно сецкана пастрма, посолена и поситно сецкана од свинското месо. Се додава врз тестото заедно со месото во количина по желба.
    Се служи со црвено вино по можност домашно.
     
    На Abrakadabra, imelda, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.795
    Допаѓања:
    102.571
    Пол:
    Женски
    Може ли да се направи пастрмајлија со сув квасец (бидејки моментално немам свеж)
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @koritsaki Не ти препорачувам да користиш сув квасец за подготовка на тестото затоа што доколку е поминат рокот, голема е веројатноста да останеш без пастрмајлија. За да не се сомневаш во процесот на стасување на тестото, најдобро купи си свеж квасец.
    Нема промашување во изборот!
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    9.300
    Пол:
    Женски
    Дома мајка ми прави, ама не како штипската, велешката...
    Туку обично тесто, месо натре, кашкавал растопен, така нешто :)
     
  17. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    7.268
    Пол:
    Машки
    а што мора да се мачите и да правите..од толку пицерии во градот..ќе се најде некоја што ќе ви ја погоди баш онака како што вие сакате..:D
     
  18. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    1.jpg

    Да го зачинам малку мубаетот :) :) :)
     
  19. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Јас не јадам пастрмајлија, и кај нас дома не се подготвува :)
     
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Еххххх, само што ручав ! Ова е добра идеја за утрешниот ручек :D