Патека на Сетилата (Неџма)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 11 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    “Ме викаат Зубида. Тоа не е никакво име“, шепотеше Али грицкајќи ми ги градите, “тоа е програма за сексуално образование! Зубинда звучи како нечто што подсетува на добар путер и на жежок секс. Се топи на усните како шеќер. Обрни внимание на самогласките! Ајде да те спелуваме! ЗУ-БИ-ДА! Во твоето име има нешто што и добриот верник ќе го доведе во пеколот; зоб – се однесува на секс, а и биде-се однесува на истото, само на јазикот на неверниците; зад-во арапскиот јазик се однесува на добрите работи, а зборот бида, исто како и зид. Ајде да го повториме тоа! Бог нека им прости на оние што те нарекле така!“
    Ме забавува кога Али зборува така. Тој зборува исто како што води љубов: блескав е во опсадите, а притоа се кикоти. Не му е важно тоа што го има на располагање само моето име за сите комбинации.