Патничко осигурување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од one87, 30 август 2012.

  1. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    едно време вардар осигурување беше најевтина осигурителна компанија, сега нешто винер и сава табак се спомнуваат...од искуство каде е најевтино да се извади патничко осигурување ?
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Општи прашања

    Дали знае некоја од каде можам да си извадам најевтино патничко осигурување за Италија? Дали знаете која е цената за цела година, а која за неколку дена? Фала!
     
  3. leko84

    leko84 Нов член

    Се зачлени на:
    20 септември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Почитувани Ве известувам дека бевме ограбени на плажа сред бел ден во Грција - Неа Михањона (Nea Michaniona) ни беа одземени две торби еден куфер два мобилни телефони и еден новчаник со документи, Со мене беа сопругата и две деца едното на една и пол годинка и другото на шест години. Имаме фамилијарно патничко осигурување без франшиза за 20 дена и ме кошташе 1250 денари извадено во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје . Во оваа компанија секоја година оставам по 20.000,00 денари. Сакам да Ве информирам дека штетата беше навреме пријавена , беше отворено досие за штета кражба на личен багаж и документи, меѓутоа бевме комплетно одбиени , ни динар не ни одобрија, Во брошурата шо ја даваат кога ќе направете полиса е наведено дека во било каков случај покриваат секакви трошоци за телефонски разговори за превоз , за кражба за документи, за здравство, за посмртни останки за што ли се уште не ви дошло на памет за незгоди... Мој апел е доколку сте се решиле да користете Осигурителни улсуги „за надај Боже“, не си ги лупајте парите залудно, подобро нека ви останат!
     

    Прикачени фајлови:

  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.125
    Пол:
    Машки
    Дали пријавивте во полиција во Грција, и дали ви дадоа записник од тамошната полиција?
    И уште едно прашање дали е поведена кривична постапка за кражба во Грција против непознат сторител?
    Многу е важно дали може некако да докажете со исправи (писмено) кога е сторена кражбата т.е. осигурениот случај, и воедно проверете во вашата полиса или договор ако е за повеќе години дали сето тоа влегува во осигурителната полиса.
    Треба да се разгледа подетално за да може да се каже конкретно.
    Ако сакате може да ми пишете порака.